ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Концерт на младинскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес

651

Во киното Мис Стон, утре со почеток во 19.30 часот целовечерен концерт ќе одржи младинскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес под диригентската палка на Веселинка Маџарова.
Концертот е во рамките на Прилепското културно лето, а љубителите на хорската музика ќе проследат дела од домашни и странски автори.
Детско младинскиот хор „Св. Кирил и Методиј” е формиранво 2012 год.во рамките на Здружението за дејности од уметноста и културата ,,Артокарина‘‘ – Велес.
Иако хорот има седум години од неговото формирање, за квалитетот и прогресот на хорот зборуваат и меѓународните награди кои се добиени во последните четири години. Хорот настапува на манифестации организирани од општина Велес и други општини, манифестации организирани од невладини и хуманитарни организации исто така хорот повремено учествува во Светата Божествена Литургија.
Детско младинскиот хор „Св. Кирил и Методиј” е најмлад во Македонија кој учествува на Светата Божествена Литургија кој има богат репертоар на композиции од различен карактер и обемна концертна активност.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: