ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Корoнавирусот ги затвори фризерските и козметичарските салони – бараат мерки за зачувување на бизнисот

1.572
Подолу, прочитајте и кои одлуки ги донесе и Регионалната занаетчиска комора – Прилеп

Законски немаат забрана за работа  ,но прилепските услужни занаетчиски дејности, фризери, козметичари, маникир и педикир, масери… ги затворија своите салони , пред 10 –тина дена поради природата на нивната работа. Сметаа дека во оваа состојба веќе ја чуствуваат финансиската тешкотиа, бидјеќи во услови на пандемија на заразна болест е не возможно да се работи.

      „ Мојот фризерски салон не е отворен веќе 9 ден, а така е и во  95 % од салоните во Прилеп и Македонија. Ние немаме изричита забрана за вршење на нашата дејност ,но ние немаме услови за одвивање на работата“  – не информира Крешимир Крешо Здравески, од прилепскот еснаф на фризери и козметичари

                        Зошто престанаа со работа салоните за разубавување?!

„Последната недела, јас и сите мои колеги, работевме под сите услови , мерки и препораки, на заштита кои беа препорачани од страна на Министерството за здравство: работевме со маски, ракавици, дезинфициравме после секоја услуга , го почитувавме растојанието на два метри од клиент до клиент, во поголемите фризерски и козметичарски салони, а во помалите, по еден клиент во салон. И, тоа не е ништо ново за нашата дејност, бидјеќи генерално, козметичките и фризерските салони, односно нашата фела, ги користи овие заштитини средства при работа и во нормални услови. Ние сме и занаетичии , всушност, што водат грижа за одржување на  лична хигиена на луѓето, но моравме да го подигнеме тоа на повисоко ниво.

Но, уште на стартот, ние фризерите и козметичаритие,  останавме без средства за заштита, маски, заштитни ракавици, кои дел од колегите ги користат постојано, во нивната секојдневна работа. Ги потрошивме нашите залихи, немавме од каде да купиме. Без тоа ќе се изложевме во ризик и ние , и нашите клиенти . Снемавме и дезинфекциски средства или ако ги имаше ги имаше по енормно, високи цени. –  вели Крешо, за Радио Пела

 

Досега 980 членови, фризери и козметичари од Македонија се вклучени во група за поддршка на занаетчискиот сектор ,а и меѓу нив , веќе кружи и електронска петиција за поддршка на овој сектор.

„Кој кај нас ќе дојде во салоните, кога се вели „да се седи дома“! Веќе ни телефоните не ѕвонат. По девет дена затворен салон кај мене,  вчера едно лице побара услуга. Во превод „и, да се отворени нема за кого да работиме“

Но, мора да потенцирам, ние во интерес на нашите муштерии моравме да престанеме со работа. Ги почитувавме мерките и самоиницијативно одлучивме да не работиме, бидјеќи да не дојде, од нашите салони,  да произлезе изворот на зараза.

  На Пакет мерките за спас на занаетчискиот сектор сеуште не е одговорено од Влада!

                                          „Не бараме преку леб погача,но..“-Крешо

На 12.03 202, преку занаетчиската комора на Македонија и Скопје е испратено до Владата и Министерството за економија  предлог барања со мерки за зачувување на бизнисот ,за помош и справување со кризата .

Ослободување од придонеси, ослободување од персонален данок за овој период, кога не остваруваме приход, ослободување од коморски придонес, фирмарина , ако е можно државата да ни исплати минимална плата,…Но, да потенцирам, не бараме финансиска помош, само ослободување од некои давачки, и замрзнување на кредитите. Не бараме да ни дадат нешто, туку да се пролонгираат давачките или да се замрзнат.

Плаќањето на месечните кирии за користење на деловен простор, се исто така „болна точка“.  Кириите се движат од 100 -120 евра и само бараме тие давачки Владата да одлучи да се одложат за овој период, не да ни ги простат.  Па, според договорот, ќе плаќаме, или на рати или ќе се договориме со сопствениците …

Важно е , сите да имаме во овој момент разбирање. Занаетчијата никогаш не бил алчен, но овие минимални мерки многу ќе ни помогнат “- вели Крешо, од прилепскот еснаф на фризери и козметичари.

Тој, од името на еснафот изрази поддршка на медицинските лица, но и на медиумските работници кои секојдневно се на првата борбена линија, за да ги информираат навремено граѓаните за сите случувања , мерки и препораки.

(Целиот разговор можете да го погледнете од 1:20,23  min. до 1:43,56 min ) на Facebook фан страна на радио Пела

Radio Pela 96,8 FM #SediDomaSoRadoPela#

           

Одлуки донесе и Регионалната занаетчиска комора – Прилеп

Регионалната занаетчиска комора – Прилеп ,денеска, 26 .03/2020 , донесе одлука за ослободување од плаќање на коморски придонеси за членовите за месеците, март, април и мај, а висината на надоместокот за чланариа , од 2.400 ден, да се намали на 1.800 ден , за 2020 г..

Исто така,  занатчиска комора Прилеп , денеска упати барање до Стопанската комора на РСМ во кои се бара ослободување од плаќање на придонесите и персоналниот данок од самостојно вршење на дејност за период 03 до 05 месец /2020. поради новонастанатата ситуација во стопанството поврзано со коронавирусот. Оваа област е подеднакво загрозена во остварувањето на приходите за опстојување на бизнисот…се вели во дел од барањето

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: