ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Коренти – најмаска на Карневалот Прочка 2018 (галерија)

789

Тридневниот меѓународен карневал „Прочка 2018“,финишираше со централниот настан, дефилето на околу 1.000 учесници од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија и Албанија. Традиционално карневалот предизвика голема посетеност од гости од земјата и странство.
Карневалот Прочка покажа дека има голем потенцијал за промоција на Прилеп и регионот, зашто привлекува илјадници посетители од Македонија и од странство потенцираше Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.
– Жири комисијата имаше многу напорна работа. Имавме многу успешни маски, креативи, работеле очигледно многу време … Критериумите за оценка, беа за сè. Почнувајќи од чевли, костими, кореографија, сценски настап, изведбата и сето тоа допринесе да имаме една тешка работа за избор на најдобрите маски. Жалиме за оние,што не добија награди. Но, ова е „Прочка“ и нема лутење. Затоа, за наредната година ги покануваме на што помасовно учество и многу маски, за да ни биде работата уште потешка, изјави Црнеска.
Најдобрата маска на прилепскиот меѓународен фестивал „Прочка 2018“ во Прилеп е маската на гостите учесници од Птуј Словенија, насловена „Коренти“. Жири комисијата ги објави наградените во категоријата традиционални и современи маски. Најдобра традиционална маска е маската „Ратевски бумбари“ од село Ратево, второнаградена е маската „Курајечка крвава свадба“ од селото Куратица, а третонаградена е маската „Стари Страчинари“ од село Мокриево.
Најдобра современа маска на годинашниов карнвал во Прилеп е маската „Аладин и волшебната ламба“ од Прилеп, второто место го освои современата маска „Палави колачиња“ од Пробиштип, а третото место е за маската „Црни кукли“ на средното училиште „Орде Чопела“ од Прилеп.
Странските карневалски групи добија посебни признанија, а со своите маски се истакнаа карневалските групи од Корча, Албанија, од Бела Црква, Србија и од Будва, Црна Гора.
Жири комисијата ги прогласи и најдобрите маски од детски карневал кој се одржа во саботата. Најдобра традиционална маска од детскиот карневал е маската „Да не дозволиме да ни венеат цвеќињата“,на учениците од прилепското основно училиште „Рампо Левката“, најдобра современа „Свемирски суштества“ од основното училиште „Добре Јованоски“, а за најдобра театрална маска е прогласена маската: Музика за тронови“ од учениците од Крушево.
Синоќа во хотелот Липа се одржа заедничка забава на учесниците и гостите, а денеска напладне е последниот настан во рамките на карневалскиот фестивал Прочка со традиционалниот ручек на Здружението Прилепски мечкари во манастирот Свети Ѓорѓија кога на чист понеделник се служи надалеку прочуеното посно гравче по повод започнувањето на велигденските пости.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: