ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Корона вирус – Стопанската комора за туризам ќе бара помош од државата

684

Корона вирусот предизвика „земјотрес“ во светската економија, а меѓу најпогодени се авиокомпаниите и туристичките агенции. Италија веќе од синоќа прогласи карантин, со тоа што целата држава е во црвена зона. Wizz Air ги откажа летовите во Италија од Скопје и Охрид до Милано Тревизо и Бергамо . Оваа земја е традиционално најинтересна за македонските граѓани, особено кога станува збор за туристичките патувања на ученици и студенти. Прилепските туристички агенции, како и повеќето во Македонија ги откажуваат аранжманите во државите погодени од корона вирусот.

– Веднаш после веста дека во Италија се затворени подрачјата кои беа прогласени за црвена зона во северниот дел, ја откажавме турата за Венеција. За другите дестинации, дел се намалија за 20 до 30 отсто. Се реализираа турите за 8 ми март, освен за Италија. Бевме во Сараево, Белград, Будимпешта, Букурешт, Истанбул, кои беа со помал интензитет, бидејќи некои не сакаат да патуваат и да ризикуваат. Не може ништо да се планира, особено овој месец во очекување на новите препораки, а треба многу да се внимава, зашто и за Велигден имавме планирано патување во Рим, Италија. Со агенцијата со која што соработуваме од оваа земја, добивме официјална информација дека од 4 ти март до 4 ти април се е стопирано, така што не може ништо да се резервира, вели Карески.

Бранко Карески од Бран Турс Прилеп за Радио Пела вели дека новонастанатата состојбата е единствен случај во досегашното 28 годишно искуство.

– Досега се нема случено вакво нешто. Ниту војната во 2001 та година, и други кризи не било како сега со настанатата ситуација. Штетите се големи за сите компании кои работат во секторот на туризам, јавен превоз и хотелиерство. В четврток нашата стопанска комора за туризам и други 5 поврзани бизнис асоцијации ќе одржат состанок, на кој ќе бидат поднесени барања до нашата влада. Барањата би се движеле за привремена поддршка на туристичкиот сектор, како што се намалување на давачките кон државата, фискалните давачки, опредување на посебен фонд за обесштетување на туристичко – угостителскиот сектор, повеќе форми на субвенционирање за премостување на негативните финансиски резултати, поради застојот во работата предизвикани од состојбата со корона вирусот.
Во однос на препораките од Министерството за здравство, Карески напоменува дека од првиот ден се следат насоките, а откажани се аранжманите во Италија, додека за останатите дестинации евидентно е намален интересот за 20 до 30 отсто.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: