CSS Template

КРУШАТА ПОД КРУША ПАЃА – ТАТКО И ЌЕРКА ЗАД СТАТИВИТЕ

ИНТЕРВЈУ : Зоран Мицевски, некогашен голман на ФК „Победа“ и Јована Мицевска , голман на ЖРК „Вардар“ најмладиот голман во ЛШ

4.373
Avtokontrol1

Прва одбрана во ЛШ – во друштво со најдобрите Лејно и Суслина

Јована Мицевска бр 16 – Позиција – Голман, ќерќа на Зоран Мицевски ,фудбалски голман и спортски работник!

Голманката, која сезонава брани за тимот на ЖРК Вардар во домашното првенство, Јована Мицевска   беше на  списокот на Вардар и за настапот во ЛШ  против Ларвик и тоа беа  нејзините први минути во најсилниот европски куп на домашен терен. Регистрира и една одбрана и покажа и докажа дека таа е иднината на македонскиот ракометНастапила за репрезентацијата на Македонија до 17 и до 19 години. Има само 17 години. Родена е на 26 јули во 2000 година, а сезонава доби огромна можност за напредок. Брани постојано во домашното првенство, така што останува на неа да напредува и да добива уште поголема шанса..Учи од најдборите  Амандин Лејно и Ина Суслина,кои се и нејзини идоли . Инаку, составот на Вардар за дуелот против Ларвик беа  Лејно, Суслина, Јована Мицевска, Радичевиќ, Кликовац, Саздовска, Кузнецова, Лазовиќ, Пенезиќ, Чанаџија, Лакрабер, Хмирова, Цвијиќ, Лекиќ, Петровиќ и Ристовска.

 

Радио Пела: Од кога, од колку години тренираш ракомет?

Ракомет тренирам од мојата шеста година. Започнав во ракометниот клуб Кастратовик , каде што Индира и Зоран беа моите први тренери.,а потоа продолжив во Вардар!

Радио Пела:Кој е твојот мотив и инспирација?Зошто си ја одбрала  голманската позиција?

Од секогаш сум се восхитувала на големите имиња во ракометот и посакував да бидам успешна како нив. Желбата ми е секогаш предводена од мојот мотив за поголем успех и предизвик за секојдневно поголемо докажување. Верувам дека тоа е желбата на секој спортист и мотивацијата која ги води низ професионалната кариера.Случајно на еден тренинг застанав покрај стативите, па со тек на време сфатив дека на таа позиција се пронаоѓам себеси.

 Најдобар голман на турнирите!

Две години по ред е прогласена за најдобар голман на турнирот “Вардар еден живот, една љубов“.На само 15 години добива шанса да биде дел од првиот тим на ЖРК Вардар, на меч во супер-лигата, каде дебитира против екипата на Жито Прилеп, во натпреварувачката сезона 2014/15 и на тој дуел забележува седум одбрани, од кои два се од ударите од седум метри. Мицевска е актуелна кадетска и младинска репрезентативка на Македонија, а последен пат беше дел од кадетската селекција на Македонија, на ЕП за кадетки кое во месец август 2017 год,се играше во Скопје. „Би сакала во иднина да застанам меѓу стативите на голот на Вардар во лигата на шампионите“- нејзина изјава дадена на 5.Април 2017 и,сонот стана јаве ! 

Радио Пела: Какво е чуството да се игра со Лејно и Суслина во ЛШ?

Суслина и Лејно се светски голмани и луѓе што постигнале многу во кариерата. Среќна сум што можам да работам со нив бидејќи сум свесна дека има и што да научам.

 

 Радио Пела:Кои се твоите идоли? Каде  се гледаш по неколку години-кој е твојот омилен тим? За кога сакаш да играш во иднина?

.Моите идоли се токму оние со кои моментално работам, а нормално својата иднина ја гледам во ЖРК „Вардар„ бидејќи е клуб кој е помеѓу најдобрите клубови во Европа. Како спортист иднината ја гледам и во својата репрезентација, бидејќи е чест да се брани својата држава.

 

Радио Пела: Може ли младите ракометни таленти да успеат во Македонија?

Секако дека можат, со напорна работа, многу откажувања и упосност ,се може да се постигне.Секако и со стручна работа на нашите тренери

 Радио Пела: Дали ги следиш советите од твојот татко,Зоран Мицевски,(поранешен голман на ФК „Победа„-Прилеп)  или неговите совети немаа „ допирни точки “со ракометен голман?

Советите од мојот татко се секогаш добредојдени , па како двајца голмани мислам дека многу добро се разбираме. Позитивните критики и сугестиите ги прифаќам бидејќи сметам дека така созрева еден  добар голман.

Радио Пела:Колку ти е важна поддршката од семјството?Доаѓаат ли да те поддржат на натпреварите?

Семејството е секогаш мојата најголема поддршка и најдобра публика, така што сметам дека истото е клучен фактор за постигнување на успех. Секој мој успех прво го споделувам со нив.

                              Наравоучение: „Крушата под крша паѓа!„

Фудбалската Легенда , Зоран Мицевски, голман и  татко на Јован Мицевска,

Почетоците на Зоран Мицевски (6 мај 1968 год.) некогашен фудбалер на ФК „Победа„ се во неговото  родно,  Демир Хисар. Се истакнув како одличен голман со кавлитетни предиспозиции и е  забележан од некогашниот силен фудбалски клуб ФК„ Победа“-Прилеп . Низ текот на својата кариера ги бранел боите на  повеќе клубови: ФК „Пелистер„ ФК Вардар, ФК Балкан Тиквеш, ФК  Македонија Ѓорче Петров ,ФК Цементара …но, најголмиот дострел во неговата фудбалск криера е националниот дрес кои го носи неколку години .Македонската фудбалска репрезентација првиот официјален меч го одигра на 23 Октомври 1993 година , во Крањ, Словенија, а златната генерација предводена од Андон Дончевски тогаш славеше со високи 4:1 со головите на Зоран Бошковски Чоко, Дарко Пандев, Чедомир Јаневски и Драган Канатларовски ,а Зоран Мицевски беше голманот во првиот состав на Македоската фудбалска репрезентација.23-ти август,1992 год,  важи за историски ден во македонскиот фудбал бидејќи беа удрени темелите во првата македонска лига , и тоа веднаш со дерби,  Победа –Вардар (1: 1) .Зоран Мицевски е на голот на  ФК Победа-Еве ја табелата од тој натпревар  и фотографија од тој настан.Денеска е дел од Фудбалската Акдемија на ФФМ.

 

Зоран Мицевски, во дресот на ФК „Победа„( прв во вторниот ред од десно, во плав голмански дрес)

Радио Пела: Каде си сега? Што е твојата професија?

Живеам во Скопје, работам во Фудбалската федерација на Македонија како тренер на голмани во младите категории и како тренер на голмани во Спортската академија.Задоволен сум што го работам она што најдобро го знам и умеа,а тоа можноста да им го пренесам моето голманск искуство на помладите генерации.Воспистувањето на младите е голема одговорност, а најголем дострел на секој тренер е да создадеш добар фудбалр.Ова во основа е макотрпна и долгорочна работа!

Радио Пела: Најдраг спомен во кариерата?И најтажен момент?

Секако дека низ текот на мојата кариера сум имал многу убави моменти секако и тажни. Кога би одбирал најдраг момент би го одбрал настапот за нашата репрезентација На првиот официјален натпревар што се одигра во Крањ Словенија каде што силната словенска репрезентација ја победивме со 4:1. Тој натпревар ќе ми остане во долго сеќавање.

Имало и тажни моменти во кариерата меѓутоа секогаш во сеќавање остануваат убавите моменти.

Радио Пела: Како гледаш на својат талентирана ќерка? Колку и дали и помагаш во давање на инструкции? И, дали е предност шо родителот е спортист (голман) или тоа пак е одлична можност детето да напредува

Секако дека сум горд на неа, талентот што го поседува е евидентен меѓутоа упорноста и желбата за работа се лично нејзини затоа што талентот сам по себе не е доволен без овие две особини. Секако дека понекогаш и давам совети , не би се осмелил да давам инструкции затоа што таа си има свои тренери кои се доволно стручни да ги поправаат нејзините грешки. Разговараме после секој натпревар, јас можам да и помогнам во однос на однесувањето на натрпевар, а сепак техничките работи ги решаваат нејзините тренери,тука не би се мешал.

Радио Пела: Што најчесто ја советуваш?

Бидејќи се работи за голман, а карактерот на голманот е понекогаш нескротлив, ја советувам да биде секогаш сталожена, да не ја понесуваат емоции, да биде жива и експлозивна во нејзините реакции. За голманите викаат дека треба да бидат мирни, а истовремено и брзи. Треба многу концентрација на голот, затоа Јована мора да биде силен карактер.

Радио Пела: Што треба да знае еден голман кога ќе застане да брани зад стативите, да ги брани боите на клубот или на националниот тим?

Како што кажавме претходно мора да биде мотивиран да игра со срце ама и со памет. Да го вади максимумот од себе на секој натпревар , а за репрезентацијата мора да игра со две срца и два ума.

 

Радио Пела:Каде ја гледаш Јована по 5 години?

Прво сакам да биде здрава и жива.На нашето семејство тоа ни е најбитно. Да работи упорно за да го постигне посакуваниот успех. Се надевам дека ќе биде стандарден голман во првиот тим на ЖРК Вардар, а воедно би бил пресреќен доколку и гласно ја пее нашата химна на нашата држава на некое големо натпреварување!.

Радио Пела: Дали си горд на нејзиниот успех или треба уште да се достигне татковата слава?

Секако дека сум горд на неа , таа има 17 години и нејзиното време допрва доаѓа, а јас би бил најсреќен доколку таа за некое време го живее сопствениот сон!

Радио Пела

 

 

 

Farma Dolneni
Ciflik
Vivafarm