ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Крушево бара изведувачи за сериозни урбанистички и градежни зафати

504

Тендерски постапки во вкупна вредност од пола милион евра се активни за пронаѓање на најповолни изведувачи за урбанистички и градежни зафати во Општина Крушево. Според проекциите на локалната самоуправа, до крајот на летото иницијативите треба да резултираат со сериозни инфраструктурни зафати на терен.
Проектите се однесуваат на подобрување на патната инфраструктура во населените места во општина Крушево, градот, и дел кој ги поврзува општините Крушево и Долнени. Во тек се тендерите за: изградба на пат до Крушевско езеро, асфалтирање на пат во с. Јакреново, реконструкција на патот Борино – Житоше со кој двете општини Крушево и Долнени подобро ќе се поврзат. За овој проект двете општини обезбедија средства преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Воедно, наскоро ќе се изработат и урбанистички планови за селата во општината. Според најавените проекции кои може да се проверат на Електронскиот систем на Бирото за јавни набавки станува збор за вкупна вредност од 544 илјади евра.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: