ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Крушево е подготвено за вториот снежен фестивал

547

Туристичката атракција „When in Krusevo“ и зимава продолжува втора година по ред. Организаторите нудат незаборaвни авантури и откривање на тајните на зимските радости.
„When in Krusevo – Winter is here“ повторно неделава ги повикува вљубениците во природата да отпатуваат во снежната корија и да уживаат.
– Повелете на адреналинска снежна авантура низ прекрасната крушевска природа облечена во снежно руво. Длабоко земете 100% чист воздух и уживајте во неописливите зимски пејзажи и во погледите од кои ќе ви се одземе здивот. Веруваме дека уникатното искуство за зимско тандем параглајдинг летање, рекреативната пешачка и фото тура, дегустација на улична храна, одличните забави и дружење, како и уште многу други активности се доволен поттик да поминете незаборавен викенд во прекрасното Крушево, стои во пораката на организаторите на манифестацијата.

Зимското издание на фестивалот, When in Krusevo – Winter is here! ќе се одржи од 14 -16 февруари 2020.

Вклучува: чист воздух, фото тура, рекреативна пешачка тура, зимски тандем параглајдинг, зимско јавање на коњи, дегустација на превкусни крушевски специјалитети и луда забава, овој пат на прекрасните ски терени на Станич и ресторан Алто.
Програмата на фестивалот може да ја проследите на следниот линк http://winter.wheninkrusevo.mk

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: