CSS Template

Крушево го слави Денот на ослободувањето, 8 ми Септември (ГАЛЕРИЈА)

50
Avtokontrol1

Свечена седница на Советот на општината во хотелот „Монтана палас” се одржа денеска по повод 8 Септември, Денот на ослободувањето на Крушево и Денот на независноста. Со богата програма за која се погрижија вредните ученици на СОУ „Наум Наумоски Борче“ и ООУ „Никола Карев“, традиционално, на седницата беа доделени највисоките општински признанија за институции и поединци. Учениците и нивните ментори се претставија со пригодни рецитали и хорски изведби посветени на празникот на Крушево – Денот на ослободувањето на градот, како и Денот на независноста.
Фотографиите ги подготви Сотир Маркоски, ученик во СОУ „Наум Наумоски Борче“

Советот на општината ја додели најпрестижната Осмосептемвриска награда, три признанија и една пофалница.
Осмосептемвриската награда, градот Крушево му ја додели на Горан Димишкоски за афирмацијата на градот и за посебен придонес во областа на спортот и туризмот со организацијата на 16-то Светско првенство во Параглајдерство за 2019 година.
Признание по повод 8 Септември, градот Крушево ѝ додели на Службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом од Крушево за посебен придонес во афирмацијата на општината во областа на здравството. Ова признание, исто така, се доделува и за покажаната несебична активност и поддршката на сите манифестации кои ги организираше Крушево.
Признанија за Денот на ослободувањето на Крушево добија и Ташули Талески и Христо Велески за посебен придонес во афирмацијата на општината во областа на образованието.
Пофалница по повод 8 Септември, Крушево му додели на пингпонгарскиот клуб „Крушево” за посебен придонес во афирмацијата на градот во областа на спортот и за освоените резулатати на Балканското првенство.

Vivafarm
Farma Dolneni