ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Крушево и Пелагонија на дланка, за да ја „убиете корона мислата„ за момент

1.292

Полетувалиштето на Мечкин камен! Убав сончев ден и Пелагонија на дланка. За  момент се наврајќаме на убавината и дарот од природата , за да, за момент, ја „убиеме корона мислата„ кои не опкружува. И,  да се потсетиме, колку нам, ваквата глетка ни треба за очите,  за свежината на мислите, и колку, за оваа убавина, дадена од Бога, вреди да се внимава и да се почитува животот, наш, и животот на другите.

Погледот од оваа височина , (од 1220 м.надморска висина)  плени. Верувам, нема да останете рамнодушни на  фотографиите (направени, од мојата пријателка, на која и благодарам ), зашто не потсетуваат како денеска изгледаше  Крушево , сончево,  чисто, прекрасно, не допрено од урбаната „дивина“, извор на здравје и свеж, чист воздух .

Крушевчани, за среќа, немаат заразени од новопојавениот вирус,кој го коси човештвото, и дај Боже , така  да остане, иако и таму , меѓу оваа природна убавина, темата е актуелна и претпазливоста на Крушевчани е на високо ниво.

Но, тие, имаа убави планови и убава мисла – да ја обноват тревата на полетувалиштето и да го зголемат просторт двојно повеќе, односно тревата треба да покрие простор од 2042 метри квадратни што ќе биде за повеќе од двојно поголема површина од постоечкото полетувалиште, чија моментална големина е помалку од 1 000 метри квадратни.

„Вештачка трева и уредувањето на полетувалиштето ќе овозможат одржување на многу поголеми меѓународни параглајдинг и натпревари во змајарство.“- велат од ЛС.

И,…  Крушево и Пелагонија Ви е на како дланка! Да го чуваме овој „природен бисер„!

На 3-ти март Центарот за развој на пелагониски регион го објави тендерот за набавка и монтажа на нова вештачка трева за полетувалиштето на Мечкин Камен.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: