CSS Template

Крушево ќе го испитува јавното мислење за работата на општината и институциите

91
Avtokontrol1

Општина Крушево ќе спроведе анкети за тоа: колку граѓаните се задоволни од работата, односот на вработените и раководителите, транспарентноста, услужливоста на Општина Крушево и сите институции под надлежност на локалната самоуправа.
Најпрво анкетниот прашалник ќе се спроведе за Општина Крушево, а потоа за ЈП „Комуна“, ООУ „Никола Карев“, СОУ „Наум Наумовски Борче“, градинката „Гонча Туфа“ и други. Прашалниците ќе се спроведат „онлајн“ и тврди копии од истите ќе бидат достапни во просториите на општина Крушево.
За градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски очекува овие прашалници да придонесот кон поголема отвореност и услужливост на институциите кон граѓаните.

-Прашалниците ќе придонесат кон обезбедување поголема отвореност, услужливост, но и преземање на соодветни мерки кон оние вработени и раководители за кои мнозинството граѓани ќе кажат дека не се задоволни, во функција на подобра услуга кон граѓаните. Ќе започнеме со Општина Крушево, почнувајќи од мене како градоначалник, па надолу кон сите одделенија и секој вработен, а потоа ќе продолжиме и со останатите институции под надлежност на локалната самоуправа, рече градоначалникот при најавата на оваа мерка.

Vivafarm
Farma Dolneni