CSS Template

Маинфестација „Десет дена Крушевска Република“

70
Avtokontrol1

Во рамки на 5-от ден од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ 2019 ќе настапи Влатко Груевски тенор, а на 7-от ден ќе се одигра претставата „Првin ќе ме земеш, па после ќе ме…“ на театар Комедија од Скопје.

Негувањето на локалната култура и отстапување простор на талентите од Крушево е една од целиТе на Манифестацијата и токму затоа крушевчанецот Влатко Груевски има свое учество во настанот. Влатко Груевски минатата година беше исто така дел од Манифестацијата со интонирањето на химната на отворањето на „Десет дена Крушевска Република“ .

Традиционалните унгарска и влашка програми во рамки на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ оваа година ќе се одржат на 3-ти и 4-ти август, соодветно.

„Како и секоја година разноликоста на Манифестацијата е претставена преку вечерите во организација на Унгарската амбасада и влашката заедница и здруженија од Крушево и државата.“, истакнува градоначалникот на општина Крушево ,Томе Христоски.

Традиционално од 1-ви до 10-ти август и оваа година Мнифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ ќе се одржи на повеќе локации во Крушево со збогатена и модернизирана програма.

🔜 Отворање на настанот со Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ
🔜 На 3-ти и 4-ти август унгарска и влашка вечер
🔜 Многу концерти, театарски претстави и спорт.

116 години – Десет дена Крушевска Република

 

Vivafarm
Farma Dolneni
Ciflik