ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Квалитет за Вашата безбедност – АВТО КОНТРОЛ ПРИЛЕП (ВИДЕО -ФОТО)

1.188

 

 

Авто контрол Прилеп по барање на клиентите од 11 март, го прошири асортиманот на услуги со нови: регистрација на сите видови возила вклучително и тешките товарни возила и автобуси. Во новиот модерен објект компанијата прерасна во современ центар наменет за грижа на возилата со широка палета на услуги за поголема безбедност на возилата во сообраќајот.

Приоритетни задачи на АВТО КОНТРОЛ – СЕРВИС ДООЕЛ Прилеп, се задоволување на потребите на корисниците на услугите и заедницата за подигање на степенот на безбедност во сообраќајот со примена на високи стандарди во работењето.
Треба да се знае дека АВТО КОНТРОЛ се единствени во Прилеп овластени во делот на хомологација на возилата, што е нивна обврска повеќе, за реализација на непристрасно и професионално работење. Тоа не само што е задача, туку е и највисока цел на менаџментот на компанијата за остварување на добра професионална пракса и континуиран мониторинг над нивното работење.
Станицата АВТО КОНТРОЛ Прилеп согласност со законски утврдените стандарди за квалитет на услугите ги задоволува потребите на корисниците, но со континуирана надградба го подигнува степенот на знаењата и вештините на вработените.
Такашто, по 5 години постоење и илјадници задоволни клиенти, бидете сигурни, како и досега, дека проверените тимови од професионалци на Авто контрол Прилеп: квалитетно, брзо и ефикасно ќе се погрижат за вашето возило, додека Вие се релаксирате во пријатен амбиент во новиот објект.
Оставете ја грижата за Вашиот возен парк на искусната екипа која работи со најсовремена опрема согласно високите стандарди за:
– технички преглед на возилата од сите категории(вклучително и товарни возила и автобуси);
– сервис на возилата;
– издавање на меѓународна возачка дозвола;
– полномошно (издавање на одобрение за користење на туѓо моторно возило во странство)
– издавање на пробни таблици;
– осигурување на возилото;
– зелена карта;
– патничко осигурување;
– единствена овластена техничка служба во Прилеп;
– најбрза постапка за атест и хомологација; (Инспекциско тело)
– влечна служба 24 часа.
Во АВТО КОНТРОЛ сите давачки за регистрација на возилата се на едно место, со што заштедувате на време. Немате потреба да одите до МВР – референтот од министерството е постојано тука за: регистрација, издавање на регистарски таблички, промена на сопственост на возилото и одјава на таблици.
„Безбедноста на возилото и грижата за драгоценото време на клиентите, се наша обврска“, порачуваат од АВТО КОНТРОЛ Прилеп, од каде најавуваат дека наскоро подружница на Македонски Пошти ќе работи во кругот на станицата.
Посетете ги новите модерни простории на истата локација на излезот од Прилеп кон Македонски Брод, со збогатени услуги приспособени за Вашите потреби за целиот возен парк за сите категории возила од мотоцикли, патнички и товарни возила и автобуси.
АВТО КОНТРОЛ Прилеп низ пет годинишното искуство стекна многу пријатели, задоволни клиенти, кои сега со широката лепеза од услуги се приспособи на потребите од граѓаните и во иднана ќе ја надоградува довербата со нови изненадувања.
Од 11 март стартува со работа новиот објект, посетете ги во новите простории – за секој клиент следуваат подароци!
Кога се работи за безбедноста, грижата за Вашето возило препуштете им ја на пријателите од доверба – АВТО КОНТРОЛ Прилеп
Нов модерен објект и нови услуги, а проверени стари пријатели – тоа е Авто контрол Прилеп
Сервис, инспекциско тело и регистрација од сега за сите видови возила

АВТО КОНТРОЛ Прилеп –ПРОВЕРЕНО!!!
тел: 048 550 900.
Работно време:
понеделник до петок: 08 – 16 часот
и сабота : 8 до 15 часот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: