CSS Template

Лекарите од прилепската болница и Итната медицинска помош први добија заштитни штитови

1.854
Avtokontrol1

Првите 50 -сет заштитни штитови за лице, кои се дело на прилепската фирма „Ипринт“ ги доби персоналот на заразното одделение, како и лекарите специјалисти и останатиот медицински персонал од прилепската болница и Итната медицинска помош,  кој е во непосреден контакт со пациентите.

Директорот на прилепската болница Богојески, нагласи дека заштитните штитови ќе се користат во ситуација кога здравствените работници се во контакт со лица заболени од коронавирусот, или со други пациенти за кои постои сомневање дека се заразени со коронавирус.

Заштитни штитови добија и вработените во Итната медицинска помош, кои во новонастаната ситуација со пандемијата, имаат потреба од дополнителна заштита.

Градоначалникот Јованоски изрази надеж дека лекарите и останатите медицински лица нема да имаат потреба од користење на штитовите на лице, но од превентивни причини, во текот на утрешниот и следните денови, здравствените установи од Прилеп ќе добијат онолку заштитни штитови колку што им се потребни.

Од „Ипринт“ велат дека ќе ја интензивираат изработката на заштитни штитови и дека во соработка со фирмите „Резонатор“ и „Графика Дизајн“, на дневна основа ќе произведуваат значително поголеми количини на штитови кои, идентично како и заштитните маски, Општина Прилеп ќе ги распределува според приоритети.

 

 

 

 

semm
seishin
Farma Dolneni
Semafor
Vivafarm