ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Летен концерт – староградски песни со октетот „Прилеп“

478

Октетот ,,Прилеп“ утре, четврток од 20.00 часот во фоајето на ЦК„Марко Цепенков“ ќе одржи целовечерен летен концерт и пред љубителите на убавата староградска песна ќе се претстави со избрана програма.
Посетителите ќе можат да уживаат во изведбите на повеќе староградски песни, и во настапот на октетот. Гостин на вечерта ќе биде вокалната група „Серенада“ од Скопје.
Октетот ,,Прилеп“ години наназад работи под покровителство на ЦК,,Марко Цепенков“ и ја негува староградската песна. Препознатлив е по бројните настапи на фестивалите низ земјава каде успешно го претставува градот.
Концертот е во рамките на „Прилепското културно лето 2019 “

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: