ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Левица отвори локален клуб во Прилеп

709

Политичката партија Левица денеска отвори локален клуб во Прилеп. Тоа е осма канцеларија во низа на партијата. Според претседателот на „Левица“ Димитар Апасиев со тоа го задржуваат епитетот за најбрзорастечка партија во Македонија. Се надеваат дека ќе отворат канцеларии и во останатите градови во земјава до парламентарните избори.
– Се надеваме дека ќе го удвоиме овој број на отворени канцеларии. Поддршката за Левица секојдневно расте и тоа е во насока на природниот след дека луѓето си бараат природно трета опција. Позициите наши во поглед на предизборниот период се јасни Левица оди сама на избори.Постизборно би коалилицирале само со партија или со мандатар кој ќе го поништи „Преспанскиот договор“ и тоа се нашите црвени линии.
Доколку нема взаемен интерес во однос на овие црвени линии Апасиев смета дека ќе останат парламентарна опозиција. На прашањето од Радио Пела колку е можно да се пролонгираат изборите или дури и да не се одржат, првиот човек на Левица вели дека изборите ќе се одржат.
– Мислам дека избори ќе се одржат. Тие се веќе договорени во тој пржински формат на Влада, што мислам дека е грешка зашто ВМРО ДПМНЕ се нафати на таков формат. Требаше да се оди веднаш по дебаклот по недобивањето на датум за преговори со ЕУ и требаше веднаш да се оди со избори и со распуштање на парламентот. Меѓутоа, тој момент се испушти, мислам дека до тогаш ќе има неколку „утешни награди“ како што е приемот во НАТО, веројатно ако помине ратификацијата во шпанскиот парламент. И тоа ќе го искористат овие „спинери“ на владеачката партија како еве демек се движиме на прав пат, ќе им донесе неколку гласа. Но, целата слика ќе биде дебакл и пасокизација на владеачката партија. Мислам дека Заев ќе замине во заслужена политичка пензија после сето зло кое го нанесе со „Преспанскиот договор.
Во поглед на промена на изборниот модел, на прашањето на Радио Пела, Апасиев смета дека тоа е само „блеф“ и дека е уште една политичка игра со интерес.
– Тоа е политички блеф на владеачката партија. Тие да сакаа до сега ќе го воведoа. Имаа за тоа 3 и пол години да го воведат тој модел. Бидејќи големите политички партии губат 3 до 4 пратенички места од старт.Тие никогаш нема да го променат моделот, се додека не им запрети некоја препорака од ЕУ, па така да го сменат. Но, ние веќе учествувавме на ваков изборен модел. Историски гледано веќе има примери со постоечкиот изборен модел кој е „убиствен“ за малите партии, дури хипотетички вие можете да освоите дури и 30 и 40 илјади гласови, а да немате пратеник, што е нон – сенс, затоа што во секоја изборна единица ви треба по минимум 8 до 9 илјади концентрирани гласови за да ги освоите барем носителот на листата да влезе. Така што овој модел нема да биде променет, а ние сме подготвени и по овој модел да учествуваме и да освоиме пратеник.
Кои се реалните очекувањата на Левица за претстојните избори ?
– Реалните очекувања, со оглед на интерните анкети се дека во моментов Левица околу 4% реална тежина. Тоа значи во бројка преточено околу 50 илјади гласови. Ако споредите тоа на минатите избори Левица освои 13 илјади гласови, така што ние сме задоволни, но не заборавајте дека доправа почнува кампањата и ние се надеваме на зголемување на тој скор. Мое лично мислење е дека барем носителите од 1 до 5 изборна единица имаат реални шанси да влезат во парламентот и со тоа би имале пратеничка група од 5 пратеника.
Локалниот клуб на Левица кој што за прв пат се отвора во Прилеп се наоѓа во катната гаража кај старата автобуска станица, на приземје. Како што вели Иван Јованоски, локалниот модератор на огранокот на Левица во Прилеп канцеларијата ќе биде отворена за сите заинтересирани.
– Прилично сум изненаден од поддршката на прилепчани.Во вистински момент се појавивме во градот, бидејќи се „намирисува“ таа ситуација оти на народот му е смачено од оваа бинарна политика од двете големи политички партии. Очекуваме понатаму да се шириме, и отворени сме за соработка посочи Јованоски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: