CSS Template

Македонија отвора со Украина , фалангата повторно со своите херои

84
Avtokontrol1

Петти пат во низа , вкупно шесто преставување на големите натпреварувања  за македонската ракометна селекција.Во групата Б која се игра во Австрија  Виена ,во друштво на домаќинот Австрија , Украина и Чешка , избраниците на Брестовац ќе се обидат да ја поминат групната фаза на шампионатот на кој покрај Австрија домаќини се и Шведска и Норвешка .Црвените отвораат против Украина утре со почеток во 20:30 минути  за да потоа следи пресметката со Чешка во недела од 16 часот и два дена подоцна против Австрија од 18:15 минути.Селекторот Брестовац на располагање има селекција која добро се познава а во исто време се соочува со за него нов предизвик каде за очекување е минутажата на шампионатот да ја диктира младоста во екипата секако поткрепено со искуството на Ристовски и Лазаров.

За радио Пела , тренерот на Еурофарм Пелистер  , прилепчанецот Ице Соколески вели дека ова е првенство каде треба да блеснат младите ракометари и да го оправдаат повикот во националниот тим , потенцирајќи дека селекторот Брестовац кој според него живее за ракометот , ќе ја пронајде добитната комбинација најпрво за дуелите во групната фаза а потоа и за мечевите понатаму.Соколески пред почетокот на ова европско првенство фаворитската улога за освојување на европскиот трон и ја дава на Данска која ја сака оваа титула во својата богата колекција а шанса им дава на галските петли и црвената фурија и секако во позадина како момент на инспирација и на германскиот тим.За македонскиот национален состав  , Соколески вели дека репрезентативците треба да истрчаат , да одиграат   против секој противник  да забележат триумф против Украина ,  со Чешка мотивирано  и против домаќинот Австрија квалитетно,  и да ја реализираат  целта од ова првенство.На списокот на селекторот се и ракометари од редовите на битолскиот Еурофарм Пелистер   , Никола Маркоски , Никола Митрески , Мартин Велкоски , Бојан Маџоски.За нив Соколески очекува минутажа достојна за нивниот квалитет кој го покажаа во сезоната во лигата на шампионите а за играчите како Кузмановски , Танкоски , Талески и Крстевски време е да го покажат сиот свој ракометен репертоар.  Во продолжение и  дел од неговата изјава за нашиот медиум.

За престојното европско првенство во ракомет со тренерот Соколески

Македонија на европскиот ракометен шампионат во Австрија , Шведска и Норвешка отвора со Украина мечот се игра утре во Виена со почеток од 20:30 минЗа тоа што да очекуваме од играта на македонскиот тим нешто повеќе од еден од тренерите во рк ЕуроФарм Пелистер , Ице Соколески

Posted by Radio Pela 96,8 FM on Thursday, January 9, 2020

Европското првенство во ракомет ќе се игра во три земји.Австрија  во Виена и Грац , Шведска во Малме , Гетеборг и Стокхолм и Норвешка во Трондхајм .Секој триумф е значаен , секоја подршка е добредојдена за македонските ракометари, затоа среќно во европскиот предизвик за нашите спортски херои.

Farma Dolneni
Vivafarm