CSS Template

Македонската фолкерка “избра” нов хит за своите фанови ( ФОТО-ВИДЕО)

Татијана Стефановска со нова песна го збогати својот репертоар

841
Avtokontrol1

Од 2007 година па наваму , македонската музичка естрада е побогата за пејачката која може да се пофали со одлични хитови , многу настапи и гостувања како и учества на  фестивали,  Татијана Стефановска  која има германско потекло а моментно живее во Охрид .Со својот глас но и со својот атрактивен изглед го задоволува вкусот на публиката , затоа и Стефановска каде и да се појави предизвикува интерес особено кога станува збор за  изборот на песни кои се појавуваат во нејзината музичка колекција.Така е и сега , згодната битолчанка направи вистински избор , а и даде шанса и на публиката да “избери” во нејзиното музичко дело Избери , композиција која е поблиску до поп музиката отколку до класичниот новосоздаден фолк.Музиката и аранжманот се Дејан Момироски а текстот на Борче Нечовски.

За Радио Пела , Тање вели дека животот и пружил вистинска шанса , да го споделува она што знае и  умее да го работи , да ги прави среќни сите оние што ја сакаат нејзината музика.Посебно за фановите во дијаспората каде често ги посетува.Австралија , Шведска,Америка , Швајцарија , Турција , Германија , Австрија. До сега има издадено четири албуми од кои три се авторски а еден со староградска музика.И фестивалите се дел од нејзината кариера ,како Фолк Фест Валандово , првиот на кој таа настапила , Македонија Фест во Благоевград, Охридски Трубадури , Прилеп Фест.Подршката од луѓето кои работат со Стефаноска е повеќе од добредојдена за нејзиниот музички стил кој го одржува.Затоа при изборот на песните најчесто се грижат Дејан Момироски , Борче Нечовски, Златко Миладиноски како и сопругот Митко Бежаноски кој исто така е музичар , свири саксафон и кларинет во групата Интермецо.

Новата песна на Татијана Стефановска е вистинско освежување на македонската музичка сцена , а Татијана и да сака не може да избега од фолкот , но затоа пак донесе нов хит кој публиката треба да го избере и да го пее заедно со македонската пејачка.

semm
seishin
Semafor
Farma Dolneni
Vivafarm