CSS Template

Македонските џудисти херојски во Прилеп

66
Avtokontrol1

Известува: Никола Димески

Традицијата продолжува и оваа година. На татамите во салата од средното училиште Ристе Ристески Ричко во организација на џудо клубот Сеишин утре ќе се одржи 11-от традиционален турнир “Прилеп Град Херој 2019” за помлади пионери, пионери и кадети. Натпреварите стартуваат во 10:30 мин.
Дводневно спортско уживање со повеќе од 300 натпреварувачи од 32 клуба во натпревари на стандардниот систем дупли репасаж на четири борилишта. Организаторите се задоволни од бројот на учесници на турнирот и истакнувајќи дека мотивацијата кај сите учесници ќе биде уште поголема заради присуството на некогашните асови во овој спорт, Славчо Бадов, Чики Јанош и Павле Буљчик кои беа водушевени на денешната пресконференција, зборувајќи со многу позитивни зборови за организацијата на овој турнир.
Носителот на олимписки медал Славчо Бадов рече дека секогаш ќе биде онаму каде постојат квалитетни кадри кои раководат со џудото но и млади таленти кои го сакаат овој спорт, исто толку како што тој е посветен во неговата 60 годишна кариера како џудиста и инволвиран во џудото.
Истото тоа важи и за докажаниот Јанош на кого сеуште му се врежани впечатоците од престојот во градот под Марковите Кули кога пред 40-тина години тој се подготвувал за балканскиот шампионат во Прилеп.
”Една генерација треба да ја следи другата генерација за да се продолжи континуитетот на успеси“ – истакна Јанош.
Во пофалните зборови за организацијата на турнирот, но и за се она што го нуди град Прилеп се приклучи и Павле Буљчик кој е воодушевен од бројката на пријавени џудисти на турнирот, посакувајќи им многу среќа на татамите.
Меѓу присутните на пресот беше и новиот претседател на ЏФМ на Македонија Владимир Трпаноски , кој на наше прашање, што очекува од ова традиција и воопшто од сите турнири кои се организираат во земјава, рече дека се гордее што во Прилеп на татамите ќе се појават многу талентирани џудисти и дека не само овој туку и другите турнири едноставно ќе го подигнат нивото на џудото како спорт, а со самото тоа џудистите ќе имаат повеќе желба за докажување.

Farma Dolneni
Vivafarm