ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Маркови Кули Трејд„ крадел вода – ЈКП „В и К„ оштетено за 44.200 евра

Соопштението Ви го пренесуваме во целост

665

ИНФОРМАЦИЈАТА во целост ја пренесуваме од службата за информирање при ЈКП „Водовод и канализација„

„ Во насока  на  утврдување  на причините  за големите  загуби  на вода кои  во последниот
период  ги  утврдија   нашите  служби,  ЈКП  „Водовод  и  канализација„ -Прилеп  врши  засилени контроли на корисниците на нашите услуги, како на физичките, така и на правните лица. Како резултат на тоа, во средата на 18-ти јули, во комплексот објекти на Друштвото за трговија и услуги ,,Маркови кули трејд“ нашите контролори открија 9-ет диви приклучоци на водоводната мрежа“,  се вели во информацијата на ЈКП „Водовод и Канализација “- Прилеп

„Според нашата методологија на пресметување на потрошувачката на вода,-“се вели во соопштението – “овој спортско­ – туристички комплекс во текот на една година трошел околу 6.200 мЗ вода, а ЈКП „Водовод и канализација„ му  фактурирал  околу  750 мЗ. Преостанатите  количини  не  се фактурирани,  што значи дека „Маркови кули трејд„ на годишно ниво, во просек, не овластено  користел 5.440 мЗ вода. На тој начин, со извршената кражба на вода, за период од 10 години ЈКП „Водовод и канализација” е оштетен за сума од 44.200 евра.Случајот е пријавен во МВР, при што со наредба од истражен судија, екипи на Полициската станица – Прилеп направија увид и согласно нивните овластувања, понатаму ќе преземат соодветни мерки.

Истовремено, ЈКП „Водовод и канализација„ ќе го задолжи „Маркови кули трејд” да плати 9.000 мЗ вода, односно по 1.000 мЗ з.а секој откриен див приклучок, што е во согласност со одлуката на УО на ЈКП „ Водовод и канализација” донесена пред неколку години. Во меѓувреме, сите приклучоци  за вода на „Маркови кули трејд#    ќе бидат исклучени, се до оној момент додека со јавното претпријатие не склучи договор за плаќање на овие количини на вода и додека долгот, делумно или во целост, не биде исплатен.

Во оваа прилика сакаме да ја информираме јавноста, дека ЈКП „Водовод и канализациај 11   презема конкретни мерки за намалување на загубите на вода и откривање на нелегалните приклучоци. За таа цел, во најскоро време ќе биде набавена софистицирана опрема за детектирање на “тесните грла” во водоводната и канализационата мрежа, со која на многу поедноставен и поефикасен начин ќе ја откриваме и кражбата на вода. Дел од таа опрема, таканаречениот ГИС систем кој чини околу 130.000 евра, ќе биде набавена со средства од проектот во кој учествуваме. Другиот дел, скенерот за откривање на нелегалните приклучоци, ќе биде набавен со сопствени средства, во висина од околу 50.000 евра.

Актуелниот менаџерски тим на ЈКП „Водовод и канализација” својата работа ја врши согласно постојните закони и Статутот на претпријатието и нема да толерира никакви злоупотреби од страна на нашите коминтенти· . Од тие причини, упатуваме апел до сите корисници на нашите услуги, за правилно користење на услугите и навремено плаќање на сметките .“- информираа од ЈКП Водовод и Канализација-Прилеп

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: