CSS Template

Медена земја во Прилеп го проследиле над 2 илјади филмски вљубеници

142
Avtokontrol1

Филмот Медена земја не доби престижна награда Оскар, но ја врати македонската публика во кино салите. Ова го покажа огромниот интерес за документарецот насекаде во градовите каде што се прикажува во Македонија, но и во соседните земји. Проекциите на документарецот за животот на Атиџе Муратова и нејзината исконска борба за соживот со природата, во Прилеп последниве неколку месеци го проследиле над 2 илјади филмски вљубеници.
Поради големиот интерес во првите проекции минатата година, „Медена земја“ се прикажуваше во големата сала на Центарот за култура Марко Цепенков, при што се бараше влезница повеќе. Во Прилеп досега се прикажани над 10 проекции, а деновиве исто така е поставен на репортарот на градското кино Мис Стон.
Влезниците велат од Центарот за култура Марко Цепенков, веднаш се распродаваат, така што доколку планирате да го проследите вечерашното издание потрудете се навремено да набавите влезници на билетарницата од Кино Мис Стон од 17.00 часот, по цена од 100 денари .
Документарецот „Медена земја“, беше номиниран за два оскари во категорија за документарни филмови и интернационална продукција ќе се прикажува во Прилеп вечерва во киното Мис стон со 2 проекции и тоа од 18.00 и 20.00 часот.
Времетраење 85 мин.
Режисери: Љубомир Стефанов и Тамара Котевска:
Протагонисти: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сем, Љутвие Сем, Музафер Сем

semm
Farma Dolneni
Vivafarm