ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Меѓународен ФИС ролер ски куп „Тоше Проески“

Гостин Ѓоко Динески селектор на Македонската нордиска репрезентација

676

 

Трета година ролер ски натпревари со единствена цел поврзување на двете општини Кривогаштани и Крушево, со огромна поддршка од локалните самоуправи, а под покровителство на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за млади и спорт. Спортско и културно поврзување, дружење е целта на купот. Стартот на меѓународните трки е од Центарот на Кривогаштани, а целта во Крушево. Трките се бодуваат исто како и зимските натпревари.
– Настанот започнува со официјален тренинг во петок 24 август, во 15 часот, а трките се закажани за сабота и недела во 9 часот. Во сабота стартуваат трките со поединечен старт на 12км мажи и 6км жени во слободен стил, додека во недела се трките на 10км мажи и 5км жени исто така во слободен стил. Натпреварите се официјализирани пред 3 години, истакна Ѓоко Динески, селектор на македонската нордиска репрезентација.
Повеќе околу самата идеја на купот, организацијата, учесниците и плановите за иднина од разговорот со Динески, селектор на македонската нордиска репрезентација.
Емисијата „Жешко столче“се емитува секој петок во 10 часот, а репризните изданија се во недела во 13 ч. и во вторник во 18 ч. на Радио Пела на 96,8 MHz или на нашиот линк за следење преку интернет.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: