ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Мицкоски во Прилеп: Се додека не биде дефинирано референдумското прашање сите опции се отворени

677

Претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, во рамките на „работното лето“ или „Лето за Македонија“ на ВМРО ДПМНЕ денеска, го посети Прилеп. Посетата е како што појасни Мицкоски во рамките на работните активноси и средби на повеќе од 1500 тимови кои ќе реализираат во државава, односно во поголемите градови. Мицкоски во Прилеп оствари средби заедно со генералниот секретар, потпретседателот и членовите на извршниот комитет и локалното раководство на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Делегацијата го посети градскиот пазар и чершијата каде се сретна и разговараше со голем број граѓани.
– Можам да извлечам еден заклучок од овие средби, за жал наместо живот дојде пекол за граѓаните на Република Македонија. Од оние метафори од оние ветувања кои се случуваа за време на предизборните кампањи и во локалните но и во предвремените парламентарни избори, за жал се случува едно големо нула, дури и назадување на голем број процеси. Разочараноста кај граѓаните е очигледна – тоа е она кое што е реалност во Република Македонија, наспроти оние скапо платени кампањи и пропаганди кои што деновиве ги гледаме на телевизиите и интернет порталите. Сочувствувам со сето она кое што го чувствуваат нашите граѓани, бидејќи сум дел од нив. Сите ние како ВМРО ДПМНЕ како народна партија сме дел од граѓаните, сочувствуваме со болката со разочараноста. Во име на тоа се и овие средби каде што ќе добиеме навигација за подготовка на програмата, која што ВМРО ДПМНЕ ќе ја презентира пред македонска јавност, програма која што ќе даде голем број на одговори на сите оние реални одговори кои што ги чувствуваат граѓаните,да даде одговори како да се постигне поквалитет живот, како да напредува македонската економија, да се обезбедат поголем број, силно платени работни места. Да се донесат поголем број странски инвеститори, но истовремено да се обезбеди позитивна клима за домашните инвеститори , посочи Мицкоски.

Политиката и политичарите не треба да се професија, зашто во политиката треба да дојдат нови луѓе, кои кога ќе ветат треба да го исполнат, и таквите политичари треба да станат минато – смета Мицкоски.Тој додаде дека опозицијата стои зад ставовите кои се веќе искажани и дека принципиелна зад она што е веќе договорено, водејќи чесна искрена и принципиелна политика. 
– Прашањето за ДИК треба да се гледа во рамките на претходните закони кои што опозицијата заедно со Владата ги донесоа, а тоа се оние реформиски закони кои што значеа и добивање позитивна препорака за отпочнување на преговорите со ЕУ, втора интеракција која што тогаш ја договоривме беше финансирање на политичките партии но, исто така и формирање на техничка влада 100 дена пред изборите, дури тогаш доаѓа до формирање на ДИК.
На прашање на известувачот на Радио Пела во врска со искажаната неизвесност околу одржување на референдумот, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече:
– Се додека не се распише референдумот постојат многу веројатности и сите опции се отворени. Се додека до оној момент додека референдумот не биде распишан, се додека не биде дефинирано референдумското прашање сите опции се отворени. Распишување на референдум знаете го прави мнозинството во Парламентот, тоа значи 61 пратеник. ВМРО ДПМНЕ во моментот во собранието имаат 48 пратеници, тоа е помалку од преостанатите 72 пратеника. Владата, односно парламентарното мнозинство е она кое што во овој момент може да распише референдум и за тоа им се потребни минимум 61 пратеник. Но донесувањето на владеачкото мнозинство подразбира и реактивно однесување на опозицијата така што, реакцијата на опозицијата е само одговор на акцијата од страната на Владата. Тие се на потег да видеме дали постои добра волја да се обезбедат фер и демократски услови најпрво доколку има за случување на еден референдум, а дури потоа кога ќе се случат дали ќе бидат предвремени или редовни парламентарни избори да опозицијата се чувствува комотно да земе учество на едни такви избори, одговори Мицкоски потенцирајќи дека на ДИК не смее да се гледа како на оддвоено прашање, како тело кое е дел од еден поголем пакет.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: