CSS Template

Моќниот глас на Сања Димова “знае да каже” моето време доаѓа (ВИДЕО+ФОТО)

Модерен видео запис и моќен глас на Сања Димова

375
Avtokontrol1

Која песна ве прави среќни? Сигурно постои цела листа со песни што ве потсетуваат на среќни моменти во животот и песни што постојано сакате да ги слушате. Една од нив сигурно ќе биде и новата, првенчето на младата Сања Димова , “Знам да кажам не”.Песна која е вистинско освежување на македонската сцена со супер модерен видео запис. Сања има 19 години и завршено средно музичко училиште во Штип , отсек соло пеење. Како започнала  Димова, со својот ангелски глас, и претстои блескава музичка кариера со уште многу хитови испеани од неа.Погледнете го видео записот подолу и ќе видите и слушните за што станува збор.

Со овој фантастично спакуван видео запис но и со нејзиниот изглед, Димова во својот  прв  сингл најавува  моќен вокал кој полека но сигурно се појавува и ќе го гледаме и слушаме во иднина се почесто.

Покрај сиот квалитет кој го поседува, Сања пее и опера а имала и доста успеси во тој жанр на музика. Таа за Радио Пела вели дека сака да слуша и пее различни жанрови на музика и дека сака да се запише на музичка академија во Скопје а и дека паралелно ќе работи на нејзината кариера.Сања од нашиот тим имаш само честитки за твојата песна, ти ја посакуваме сета среќа во музичкиот свет.

semm