CSS Template

Молика One е “музички украс” на Битола

376
Avtokontrol1

Една од многуте музички групи во пелагонискиот регион која веќе девет години достојно  го презентира македонскиот мелос и го украсува битолското поднебје со музика за душа е Молика One, во која членуваат музичари, секој со свој квалитет, амбициозни и фокусирани на своите музички квалитети.Вложувањата во музиката,  битолската група ги започнува во 2011 година кога овие млади луѓе ги стартуваа интензивните проби, по кои се појавија и првите забави на кои се пееа македонските и балканските хитови од страна на Игор и Рената кои се и вокалите на групатаю, “Очи неверни “ е првиот авторски запис на Молика One, кој си доби и своја видео подлога, одлично прифатена од страна на публиката.

Како што велат од битолската музичка група , од тогаш тргна се во нагорна линија и Молика One  го сними и првиот авторски албум кој беше презентиран на турнеата во Австралија во 2014 година. По враќањето па се досега овие млади личности едноставно продолжуваат да го надоградуваат својот музички репертоар и да ја забавуваат публиката како во земјава така и на различни делови од светот , како што беше и двојното гостување во Америка и неколкуте европски музички приказни за тимот на Молика One.На наше задоволство а и на многумина кои ја следат програмата на Радио Пела, вокалите на оваа група ни се преставија во одлично светло и во живо во нашата програма во рамките на емисијата “Седи дома со Радио Пела”.Разговорот започнува на 1:13:55.

#SediDomaSoRadioPela

#SediDomaSoRadioPela Гости:- Јордан Митев – фолк пејач- Групата Молика One- Горан Кузманоски – ракометар – Дали работи автобуската станица -Прилеп

Posted by Radio Pela 96,8 FM on Friday, April 3, 2020

Од музичката група Молика One најавуваат дека по стабилизирањето на моменталната ситуација , тие ќе продолжат во ист ритам, а во меѓувреме, својата енергија ќе ја преточуваат преку “facebook live” се со целда допрат до своите фанови и да го прикажат она што нам ни го подготвија, музика и изведба за сечиј вкус.Вие само продолжете по својот музички пат.

 

 

semm
seishin
Semafor
Vivafarm
Farma Dolneni