ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

МЦСР Прилеп отвара подрачни канцеларии во Ропотово и Кривогаштани

695

Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп, веќе од наредната недела ќе стави во функција нова подрачна канцеларија во Ропотово, за Општина Долнени. До крајот на месецот, ќе се возобнови и канцеларијата во Кривогаштани, каде се приспособува ентериерот за потребите на службата, со што ќе се олесни пристапот на жителите од двете општини до Меѓуопштинскиот центар, како институција која овозможува социјална заштита. Канцеларите ќе бидат екипирани со стручни лица кои ќе ги прибираат документите, наместо жителите од двете општини да доаѓаат во Прилеп. Воедно, граѓаните од прилепскиот дел на Пелагонија започнаа да користат и нови мерки од социјалната заштита.

– На територијата на општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани каде што местонадлежна е јавната установа МЦСР Прилеп над 2 илјади домаќинства го остваруваат правото на гарантирана минимална помош. Ова право за прв пат во изминативе години овозможи социјално ранливите категории да примаат зголемени социјални трансфери во парични средства за подобрување на животниот стандард.Ако пред социјалната реформа едно стандардно домаќинство примаше до 3 илјади денари месечно, со новото право на гарантирана минимална помош и образовниот додаток и детскиот додаток како нови права кои ги користат овие домаќинства, сега едно 4 члено домаќинство каде има 2 школски деца ќе примаат 10 600 денари, рече Дејан Тошески, ВД дир. на МЦСР Прилеп.

Новото право „социјална сигурност за старите лица“, го користеле 500 домаќинства каде има стари лица на териториите на овие три општини . Износот кој што старите лица го примаат е 6 илјади денари, плус енергетски додаток од 1 илјада денари за месеците од октомври до март, кој што го примаат и корисниците на „гарантирана минимална помош“, истакна Тошески, потенцирајќи дека пакетот нови социјални мерки се реализира во реалност, а не само декларативно.
Новото право, „право на траен надоместок“за родители кои се грижеле за своето дете со попреченост до 26 год. возраст го остваруваат десетина домаќинства, додека на социјална пензија имаат право стари лица кои немаат основ за осварување пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Инаку, во Прилеп нема официјална бројка на деца питачи, иако,како што рече директорот Тошески, МЦСР Прилеп остварува редовна соработка со Полицијата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: