CSS Template

На младите металурзи им припадна трофејот од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

81
Avtokontrol1

Ракометарите на Металург 2 се победници на петтото издание на турнирот “Миле Нешкоски“ во Прилеп. Во третото коло екипата од Скопје ја совлада го совладат тимот Тиквеш од Кавадрци , со резултат 36:30 (17:13. Металург 2 го освои турнирот со максимални три победи.
Второто место на турнирот го освои екипата на РК Прилеп со освоени 4 бодови, а Тиквеш е трет со 2 бода.
За најдобар играч е прогласен Глигор Гајиќ од Металург 2, најдобар стрелец со постигнати 19 голови е Јане Јанчевод Тиквеш, а епитетот најдобар голман го понесе младиот Иван Ангелески од РК Прилеп
Ова е конечната табела на турнирот кој петта година се одржува во чести сеќавање на ракометната легенда Миле Нешкоски. Оваа година се играше во салата на СОУ „Ристе Ристески Ричко“.

1. Металург 6 бода (105:87)
2. Прилеп 4 бода (86:77)
3. Тиквеш 2 бода (91:97)
4. Алушовски 0 бодови (81:102)

Vivafarm
Farma Dolneni