CSS Template

На ред е нов спортски подвиг на македонскиот Марко, детето –херој

87
Avtokontrol1

По подвигот минатата година 13 годишниот Марко Пејчиновски од Охрид кога го преплива Охридското езеро, наскоро најавува нов спортски предизвик.
Новата пливачка патека на Марко која ќе се обиде да ја преплива на празникот Голема Богородица, на 28 август, е тријаголникот Охрид -Св. Наум – Струга – Охрид.
Тој утринава на неговата Фејсбук фан страна го најави настанот :


Но, детето – херој од Охрид има и посебна порака за овој подвиг, Марко сака да го сврти вниманието на јавноста и да се подигне свеста за поголема поддршка на лицата со ретки болести. За таа цел специјално за овој настан се изработени маици во бела и црна боја.
Инаку, минатата година Марко стана најмладиот пливач кој ја препливал Охридското езеро, за околу девет часа и покрај тоа што временските услови не му беа наклонети.
Марко Пејчиновски има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети, но тоа за него не е пречка да се посвети на пливањето и секогаш да подготвува изненадувања. Македонскиот Марко е доказ дека за спортското срце ниту една препрека не е проблем да се надмине со волја и пожртвуваност, а при тоа и да се помогне.

Vivafarm
Farma Dolneni