ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

На што Општина Прилеп ќе го троши буџетот за 2019 г. од над милијарда и 290 илјади денари?!

835

Советот на Општина Прилеп го усвоен буџетот за 2019 година и деонесе одлуката за извршување на буџетот за следната година.

          Каде и на што ќе се трошат буџетските пари на град Прилеп?!

Парите од граѓаните ќе се трошат пред се за три капитални проекти: реконструкција на булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Прилепски бранители“, реконструкција на мостот на улица „Трајко Николоски“ и за изградба на Градскиот стадион „Гоце Делчев , но и за асфалтирање на улици, за нова урбана опрема,за проектот  на Општина Прилеп „Прилепско езеро- нови авантури и можности„ за поддршка на културни  и спортски манифестации,здруженија на граѓани, средства ќе се одвојат за изготување на проектна документација за гасификацијата,за изграба на спротски сали, за проектна документација за театар, одржување на паркови и зелени површини,…  Градоначалникот Илија Јованоски, пред советниците истакна  дека во буџетот е вградена развојната компонента, која е препознатлива по високото учество на капиталните расходи од 48 отсто.

„Вкупните приходи во предлог буџетот на Општина Прилеп за 2019 година се проектирани на 1.298.963.649,00 денари, што во споредба со минатогодишниот бележат тренд на раст од 11,94%. Приходите во основниот буџет се проектирани на 515,9 милиони денари и во однос на буџетот од минатата година имаат намалување од 6,08 отсто. Планираните приходи на основниот буџет се базираат врз приходите по основ на даноци од персонален данок, данок на имот, даноци на специфични услуги, такси за користење и дозволи за вршење дејност, неданочни приходи, капитални приходи, трансфери и донации и пренесени вишоци“.Расходите,пак, тие се проектирани на 1.289.963.649,00 денари и во однос на буџетот од 2018 година бележат раст од 11,94%, додека билансот на расходи на основниот буџет е проектиран на 515,9 милиони денари истакна во своето излагање градоначалникот Јованоски.

Опозицијата предложи промени на одлуката за

реализацијата на Буџетот

        Советниците од опозицијата предложија измени во пренамената на дел од средства: за субфенционирање при купување велосипеди за подобрување на здравата живота средина, за набавка и поставување  мерни станици за мерење на загаденоста на воздухот,набавка на две нови проипожарни возила со комплетна опрема, изградба на спортски сали,училиште во Сточен пазар и нова детска градина. Предложените  амадмани не беа прифатени, а градоначлникот ги нагласи причините за неможноста за прифајќање на предложените измени.Тој нагласи дека нема велосипедски патеки,затоа и неможат да се даваат субфенции за велосипеди ,досега немало промени на ДУП  за изградба на нова детска градинка, а објектот кај Сточниот пазар е не безбеден за ученици ,непристапен и не е во внесен во ДУП,мерна станица за мерење на загаденоста  на воздухот набрзо ќе биде поставена на зградата на Општина Прилеп, а спортски сали ќе бидат предвидени во ООУ „Кире Гаврилоски и ООУ Блаже Конески…

                            

                                                       Опозицијата критична

 

„Градоначалникот Јованоски пред прилепчани вети, итна гасификација на Прилеп, ништо од тоа, итно завршување на градежните активности со училиштето во населбата Сточен пазар, ништо и од тоа,итна изградба на градинка во населбата Точила, итно реновирање и реконструкција на домот за стари лица “Киро Крстески – Платник” и зголемување на неговите капацитети, ништо и од тоа. Понатаму нема ништо изградба на нов театар со кино сала, нема ниту изградба на повеќенаменски спортско рекреативен центар со покриен базен „Мaкедонија”. Ништо и од реконструкцијата на чаршијата, ништо од покривањето на коритото од Дабничка река, ниту од комплетната реконструкција на старата бања која требаше да биде музеј.Ги нема ни ветените четири мерни станици за загаден воздух. нема засадено ниту еден нов садник и исто така нема ништо од ветувањето за поставување на подземни контејнери во центарот на Прилеп “, – изјави советникот на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Проданоски.

                              Дали Прилеп е безбеден град?!

На седницата стана збор и за безбедностната состојба во Прилеп.Советниците од опозицијата ,по неколкуте настани во Прилеп , поврзани со крабежи и напади сакаа да дознаат колку Прилеп денес е безбеден град. Говорејќи за шестмесечнио извештај од 2018 г. командирот на ПС Прилеп, Кире Спиркоски ,накратко изјави дека споредбено со 2017 г,во овој исти период безбедносната состојба во градот е зголемена за 10%,односно изнесува 33%,а новонастанатите случаите се расчистуваат.

Членовите на општинскиот Совет расправаа и за повеќе други точки, меѓу кои и за финансиските планови на јавните претпријатија, а ја усвоија и Програмата за комуникација и односи со јавност за 2019 година.

    Претседателот на Совет побара говорницата да не се злоупотребува за политчки поени

Претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски напомена дека покрај реконструкцијата на патната инфраструктура, со цел до крајот на 2019 година да нема повеќе неасфалтирани улици на територијата на градот, во следната година ќе бидат реконструирани основните и средните училишта, како и подобрување на условите во детските градинки.

„Имаше различна дебата од страна на советниците, но сепак како претседател на Совет мора да констатирам дека во една демократска атмосфера беа одговорени сите прашања кои беа поставени до градоначалникот и до мене, со цел да се разјаснат сите дилеми во однос на носењето на буџетот. На денешната седница беа опфатени и финансиските планови на ЈКП „Комуналец“, ЈКП „Пазари“, ЈП за ПУП и ЈОУДГ „Наша иднина“. Усвоена беше и информацијата за безбедносната состојба на територијата на Полициската станица од општа надлежност – Прилеп за првата половина од 2018 година“, потенцираше Миле Талевски, Претседателот на Советот на Општина Прилеп.

На денешната седница беа донесени одлуки за легализирање на повеќе бесправно изградени објекти и нивно вклопување во постоечките планови.

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: