ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

На “Утринска ѕвезда„ глумеа, пееа, ги „собраа“ наградите, и, гордо си заминаа!

1.156

Четири награди, за глумење и пеење! Ја воодушевија публиката,  добија огромни аплаузи, и награди од стручното жири ,па и среќни се вратија дома, горди на својот успех, и,  со право!

Такво беше учеството на учениците од СОУ „Наум Наумоски – Борче“ од Крушево,  во Банско, Бугарија, каде  викендот се одржа 25-от Меѓународен фестивал на уметноста „Утринска ѕвезда 2019“,.  Оттаму учениците донесоа четири награди : прво место за театарската престава   “Како да се ограби банка”, второ за театарската престава “Двајца во еден”, трета награда за  хорот, за хорско пеење  и диплома за соло настапот за ученичката,  Марта Штерјоска.

Резултат  за ваквиот успех произлегува од несебичното залагањата на една цела екипа ученици, но пред се на инвентивните ментори, проф. Зорица Папалазоска и Билјана Проеска, и проф. Никола Јованоски и Пецо Христоски , кои само  потврдија дека со посветност и труд може да се мотивираат учениците и да се постигнуваат врвни резултати, во поттикнување на креативноста и натпреварувачкиот дух. Се разбира сето ова со поддршката на првиот човек на оваа образовна институција , дир.Снежана Миленковска, која ги им овозможува на учениците да го развиваат својот талент.

 

 

 

 

 

Театарската претстава “Двајца во еден” на Томислав Османли и  “Како да се ограби банка” ја изведоа  Сотир Маркоски,  Марта Штерјоска, Бојана Ристеска, Павле Ристески и Михаела Талеска,  под водство на креативениот ментор, проф. Билјана Проеска.   Хорот го диригираше проф. Никола Јованоски , кој  се престави на првиот ден на меѓународниот фестивал “Утринска ѕвезда” во Банско,  а настапот на Марта Штерјоска , во категоријата до 18 години, за соло пеење и хорот во категоријата за хорски пеење , ја воодушевија публиката која ги награди со аплаузи,а жирито со награди.

Целта на учството на СОУ „Наум Наумоски Борче„-Крушево на Меѓународниот фестивал на уметноста „Утринска ѕвезда 2019“во Бугарија  е промовирање на македонската култура и афирмација на македонската држава на меѓународно поле,  како и поттикнување и создавање на чувство на одговорност и дружење со децата од другите европски држави.  Фестивлот има идеја да ја потикни креативноста кај младата популација, но и да јаа проддлабочи дружбата помеѓу младите од различни држави и да им овозможи понатамошни средби и контакти. Фестивалот е  во организација на Уметничката академија „Деница“, администрацијата на заедницата на Банско,  и е под покровителство на Министерството за култура на Р Бугарија.

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: