ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Награди за најдобрите пионерски екипи од хуманитарниот светиниколски турнир

564

Во големата сала на Општина Прилеп градоначалникот Илија Јованоски денеска им ги додели наградите на пионерските екипи, кои што освоија прво и второ место на хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2018“. Прво место од „Генерација 2005/2006“ е екипата од „Конфекција Кули“. Второто место е за екипата „Генерација 2006“. Од „Генерација 2007/2008“, прво место го освои екипата на „Хримакс“, а второто место на „Кабелнет“. Од „Генерација 2009“, прво место го освои „Теко Солар“, а второ место екипата „Ламасиа“ од Охрид.
На светиниколскиот турнир, беа доделени медали на пионерите за прво, второ и трето место. А трето наградените добија и фудбалска топка како награда.
На средбата градоначалникот Јованоски упати пораки до младите:
-Сакам на сите вас, наши идни млади генерации да ви честитам за постигнатиот успех, да ви посакам многу здравје и среќа за понатаму.

На организаторите кои го организираа годинешниот светиниколски турнир во мал фудбал, на локалниот спортски сојуз уште еднаш да им се заблагодарувам за добрата организација. На хуманитарниот турнир се собрани 181.000 денари, коишто ќе бидат наменети за лицата со ретки болести, поточно парите ќе бидат наменети за децата со цистична фиброза и тоа на 28 февруари, на денот на лицата заболени од ретки болести истакна градоначалникот Јованоски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: