ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Нахрани 10.000“ – голема хуманитарна акција за донации храна и во Прилеп

745

Утре , 6 септември, со почеток во 10 часот, па се до 19 часот ќе биде организирана голема хуманитарна акција на 33 пунктови за донации поставени низ повеќе градови.

Во Прилеп ќе се организираат акции на две локации и тоа на плоштадот во Прилеп и кај споменикот на Марко Цепенков.

Граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“ ја поддржа Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна, која е во организација на мрежата „Сите сити“, а чиј идеен творец е Асоцијацијата „Ајде Македонија“. Целта е да се подигне свеста на граѓаните за проблемот со недостаток на храна со кој се соочуваат многу граѓани во нашата земја, како и да се креира можност редовно да се донира храна до нашите сограѓани преку собирање еднаш месечно на 10 тони храна која ќе заврши во рацете на оние на кои им е најпотребна. Дел од организациите вклучени во овој проект работат со бездомни лица, и за нив се прават посебни пакети во согласност со нивните услови за живот. Останатиот дел од организациите се задолжени да ја дистрибуираат храната до социјално загрозените семејства и до старите изнемоштени лица до нивните домови.
-Идејата е секој месец да се случува настанот „Нахрани 10.000“. Сакаме да прерасне во редовна активност во која граѓаните ќе им помагаат на ранливите категории сограѓани, кои не можат да си дозволат повеќе од еден оброк дневно. Наша цел е оваа акција да биде дисперзирана во речиси сите градови низ земјава, не само во Скопје, велат организаторите.
Во апелот од организаторите се препорачува сите хумани граѓани да донираат храна, која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.
Според Државниот завод за статистика во Македонија имаат проблем да обезбедат храна 445,099 луѓе и во просек имаат по еден оброк дневно. Од друга страна, годишно во Македонија се фрлаат околу 12.000 тони вишок храна што претставува за околу 26 000 граѓани да имаат по три оброка дневно. Нејзината вредност се проценува на најмалку 11.6 милиони евра што може да се искористи како нова програма за социјална заштита.
Организациите членки на „Сите сити“ водат евиденција на различни категории на социјално загрозени граѓани, кои имаат потреба од оваа храна. Храната ќе се пренесува во вид на неделни/месечни пакети. Дел од храната граѓаните сами ќе ја подигнуваат, дел ќе се носи до нивните домови.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: