ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Најдолгото македонско оро се одигра во Австралија (ВИДЕО)

2.528

Македонскиот фестивал за храна во Мелбурн и годинава беше место каде се јадеше највкусната храна, а во придружба на традиционалната музика, се одигра и најдолгото македонско оро во Австралија. Играорците, членови на културно уметнички друштва кои допатуваа од Мелбурн и Сиднеј, го започнаа орото, што беше доволно,  потоа да се збогати танцот со расположените посетители.

https://www.facebook.com/macedonianfoodfestivalofficialpage/videos/475319109998850/

Целта со ова оро, на организаторот, Македонско австралиската организација на заедницата (MACO), беше да се поттикне единството на македонската заедница во Австралија.

– За прв пат се организира ваква иницијатива која се покажа успешна, потенцира организаторот на манифестација, Лидија Нешковски, претседателка на (MACO). Идејата може да предизвика веќе наредната година, македонското оро и официјално да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Манифестацијата посветена на храната, традицијата и македонската култура, се одржа по 8-ми пат во паркот во населбата Футскрај.Беа претставени традиционални македонски јадења, а промовирано беше македонското народно богатство преку танци, песни, традиционални носии, подготовка на храна.

Настапија популарни изведувачи на народна и забавна музика, како и 10 тина културно уметнички друштва од Мелбурн и Сиднеј. На штандовите покрај храна, беа промовирани книжевни изданија, кои предизвикаа интерес кај младата публика.

Еве како изгледаше 8 мото издание на Македонскиот фестивал за храна во Мелбурн.

https://www.facebook.com/macedonianfoodfestivalofficialpage/videos/411399429774036/

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: