ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Најстариот Институт за тутун на Балканот, интересен за рускиот амбасадор во Македонија (ГАЛЕРИЈА)

893

Една од најстарите научни институции во Македонија Научен Институт за тутун Прилеп, и секако прв Институт за тутун на Балканот, денеска беше за прв пат посетен од еден руски амбасадор во Македонија. Повод за посетата на Н.Е Сергеј Баздникин е одбележувањето на Денот на Русија – 12 јуни кој со низа манифестации се чествува и во земјава, а денеска на иницијатива   на Сојузот на Здруженија за руско македонско пријателство – Македонија и прилепското Македонско – Руско Друштво се одржа манифестацијата „ Отворено во Музејот за тутун и Институтот за тутун во Прилеп“ .

Во овие две институции има 54 ликовни дела од руски автори, од кои дел за прв пат се презентираат во јавноста, а Музејот за тутун поседува експонати од руското царско семејство Романови.

– Сакам да се запознаам со активностите на Институт за тутун, да видам со што се занимава, и кои се можните области за соработка постојат со надлежните руски институции, потенцираше Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во Македонија, заблагодарувајќи се на поканата.

Првиот човек на Инстутот за тутун Прилеп, кој што годинава одбележува 95 години од постоењето, професор доктор Гордана Мицеска, се заблагодари на посетата и воедно го запозна рускиот амбасадор со делувањето на оваа научна институција, како потенцијална можност за соработка со слични научни институции во Русија.

– Разговаравме со амбасадорот Базднекин за работата на Институтот, неговата организациона поставеност, лабораториите кои ги имаме 5 на број, извештаите кои тие акредитирани лаборатории ги даваат во однос на квалитетот на тутунот и тутунските производи, како и квалитетот на семенскиот материјал, а стана збор и за производната дејност на Институтот како единствена институција за продукција на семенски тутунски материјал во Македонија, рече Мицеска.

Во посета на Институтот за тутун и Музејот за тутун беше и градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски и други граѓани, кои се запознаа со ликовните дела од руски автори.

Галерија од посетата на рускиот амбасадор:

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: