CSS Template

Наставниците поделени, министерот смирува, родителите во дилема!

138
Avtokontrol1

СОНК остануваат на ставот за најавениот штрајк утре на првиот училишен ден, бидејќи не се задоволни од покачувањето на платите од 5 % овој месец, туку бараат тие да се зголемат до 25%, како што пораснала минималната плата на национално ниво, во последниве години.
Наставниците и професорите-членови на СОНК и оние кои сакаат да му се придружат на штрајкот, а не се дел од членството на Синдикатот, утре ќе бидат во училиштата, но во засебна просторија, без да ги извршуваат обрските и да примаат ученици.Претседателот на СОНК Јаким Неделков апелираше родителите да не ги носат децата утре на училиште, за да им се приклучат во борбата за социјални права и отфрли секаква одговорност на СОНК, доколку се случи некаков инцидент по безбедноста и здравјето на учениците.
Од друга страна деновиве 170 наставници од основните училишта во Прилеп ја отфрлија можноста за штрајк на почетокот на годината, зашто како што појаснуваат, СОНК вршел селективен прием на членови во неговите структури.
– Регионалниот одбор на СОНК своеволно донесе одлука за времено стопирање на зачленување на нови членови во синдикалните организации, со образложение дека нашата иницијатива била политички мотивирана и дека наводно сеправел обид за уфрлување во политиката на синдикатот. Со оваа одлука нас, Думбалоски нам ни го скратува законското право за членување во синдикат, кое ни е загарантирано со устав и со закон, рече Горан Аврамоски, одделенски наставник на прес конференција одржана деновиве, додавајќи дека групата прилепски наставници поднеле претставки до СОНК и до надлежните институции и организации. Според Аврамоски, кој ја претставува групата наставници од прилепските основни училишта, бидејќи не се членови на СОНК, тие утре ќе ја започнат школската година.
Министерот Адеми вели дека продолжува дијалогот со СОНК, апелира наставниците, родителите и учениците утре да одат во училиштата. Тој најави и ново зголемување на платите во иднина, откако ќе се пресметаат параметрите, согласно усвоениот Закон за наставници и стручни соработници, кој предвидува напредување во кариерата.
Родителите се во недоумица, дали утре ќе започне школската година или децата ќе му се радуваат на распустот за уште еден ден?
Како што се одвиваат настаните по се изгледа само училишното ѕвонче ќе ја разреши дилемата.

Farma Dolneni
Vivafarm