ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Непотизам и партиски вработувања – денешна тема на прилепскaтa политички сцена

757

ОК на ВМРО  на  прес конференција, на која говореше, Петар Ристески обвини за непотизмот и партиски вработувања од страна на градоначалникот . Тој меѓудругото рече:

„После 6 месеци, редно е градоначалникот Јованоски да и одговори на прилепската јавност: дали неговата внука Цвете Станојоска си ја вработи во Општина Прилеп? Дали другата внука си ја вработи во градинката “Наша иднина”? Се замеша ли Јованоски и во бизнис секторот, па својот зет за сестра го постави за Директор на Стопанска комора во Прилеп?Сите советници од владејачката коалиција се вработуваат во јавните претпријатија во градот, кои нели според сдсм кога беше опозиција беа пренатрупани.Дали сопругот на директорката на ОУ Кире Гаврилоски беше најдобар кадар на огласот, па затоа него го вработивте во ЈП Водовод и канализација?Дали меѓу многуте блиски роднини на функционери на СДС во општина Прилеп е експресно вработен и синот на директорот на ОУ Г. Делцев?Дали меѓу нив  во економското училиште  е вработен и синот на директорот на затворот во Прилеп.?

Почитувани сограѓани, ова се само дел од роднините на функционерите на сдс вработени во овие неколку месеци. На тие истите на кои устите им беа полни во минатото со зборовите чесност и транспарентност.  Наши сограѓани, дел од раководството на сдс, дали на ваков начин планирате да ги задржите младите во Прилеп? Дали грижејќи се само за вас лично планирате да му ја кроите иднината на Прилеп? Дали ова беше Вашата програма г-дине Јованоски за враќање на младите во Прилеп?“-рече Рестески

Градоначалник на Општина Прилеп, Илија Јованоски

Со допис до јавноста се јавија од кабинетот на градоначалникот .Во нивното писмено обрајќање до јавноста меѓудругото пишува: „Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски го избира својот тим врз основа на валидни критериуми за образование, стручност, компетентност и одговорност во работата. Според тоа, тој е  и лично одговорен за ефектите од работата на новоизбраниот тим. Но, вработувањата во образованието, детските градинки, јавните претпријатија и Регионалната канцеларија на Стопанската комора на Прилеп, не се во моја  надлежност. Разбирливи се чекорите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ преку вакви прес конференции да се обидува да ја девалвира мојата работа, во обид да ја  здобие повторно довербата кај граѓаните по постизборното фијаско.

Затоа во оваа пригода и ОК на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните ќе ги известам повторно за дел од досега сработеното. Од претходната гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ, наследивме долг во Општина Прилеп од 3.5 милиони евра, пари од граѓаните кои што биле недомаќински, безобзирно и недоговорно трошени. Само за 6 месеци од моето доаѓање на градоначалничката функција, долгот е намален за милион евра, а проектите што ги ветив се реализираат чекор по чекор. – се вели во писменото обрајќање до јавноста од градоначалникот Јваноски, и   во продолжение се набројаваат проектите кои се во фаза на реализација, во фаза на одобрување и оние за кој Општната веќе аплицирала

Центар за комуникации со јавност  од ОО СДСМ Прилеп

Реакција на уапатија и од Центарот за комуникации од ОО на СДСМ.Во нивната писмена реакција,пак, пишува:

„Очаен и манипулативен обид на локалниот послушник на Груевски, Петар Ристески, токму на годишнината од 27-ми април – денот кога криминалците и најтесната фамилија од ДПМНЕ организираше крвав државен удар и обид за убиство на народни пратеници, да обвинува за непотизам и партиски вработувања.

Тоа е истиот тој Петар Ристески кој како директор на прилепската болница „Борка Талески“ им порача на вработените дека сите тие се вработени во болницата не затоа што биле способни, ами затоа што биле партики членови!Тоа е истиот тој Петар Ристески, кој ја остави болницата во долг од 1,5 милиони евра, и незаконски и’ исплаќал плата на докторката д-р Ана Ингилизова, патем сопруга на поранешниот локален координатор на ДПМНЕ, Гоце Ингилизов, што е констатирано од Државниот инспекторат за труд.

Роднинските вработувања, криминалот,  корупцијата, делењето тендери на фирми во сопственост на роднини на функционерите од ДПМНЕ, беше одлика на 12 годишното владеење на претходната локална власт, за што се покренуваат серија на кривични пријави. Екс градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески е опфатен со кривична пријава од надлежните органи дека наместил тендер од 1,2 милиони евра за зимско одржување на улиците. Фирмата на која и овозможил да го добие тендерот е „Пела транс“ во сопственост на Мире Синадиноски – чичко на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Златко Ристески, првиот братучед на екс градоначалникот Марјан Ристески, кој 12 години директоруваше со прилепски „Комуналец“ го оштетил претпријатието за половина милион евра и направил тешки злоупотреби.“  –  се вели во писмената реакција на ОО на СДСМ и во кое се бараа  од Петар Ристески  да се повлече од политиката.

Радио Пела
во својата архива
ги има оригиналните
писмени дописи и изјави

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: