CSS Template

НЕСИМЕ САЛИОСКА – СТАНИЦА П.Е.Т – граѓански активист- Предлог бр 4. на Радио Пела, за наградата “3-ти Ноември„  – – Поборникот за стопирање на детските бракови во ромската заедница и жената активист која издејствува за позитивни законски промени на ова поле

172
Avtokontrol1

ГРАЃАНСКИ АКТИВИСТ И БОРЕЦ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА  !

Граѓански активист и борец за човекови права повеќе од 15 години. Жената која успеа да направи промени во Кривичниот закон и промени во Законот за семејство и Законот за основно и средно образовани, со цел да ги спречи малолетничките бракови. И,  законските измени во врска со детските бракови, започнаа да се применуваат во пракса!

Таа е хероина, жена-борец за правата на ромската зедница во Македонија. Селиоска е човек борец за промени, поборникот за стопирање на детските бракови во ромската заедница и жената активист која издејствува за позитивни законски промени на ова поле.

Таа, ова година  е носител на европската титула на „непозната хериона“. Ја предложи канцеларијата на Фондот за население при ОН во Скопје и од 105 доставени пријави , таа стана добитник на првата награда на ЕУ за 2019 год. за ромската интеграција во Западен Балкан и Турција , која и беше доделена во Брисел оваа година.

Нејзината битка за проблемот со детските бракови ги освои симпатиите на широко ниво.

Сѐ почна откако Несиме пред три години во рамки на прилепската невладина организација „Рома С.О:С“ ја почна битката, со целиот тим од организацијата,  за актуелизирање на проблемот со детските бракови. Знаеше дека -тоа сите го сметаат за вообичаено, процес на традиција, но Несиме беше упорна – детските бракови се проблем на целата држава и на сите заедници.

„Тоа е повреда на детските права, не е дел од традицијата или од културната карактеристика на одредена етничка заедница, туку е општопозната појава и влијае на загрозување на правото на образованието, пред сѐ на девојчињата, предизвикува здравствени нарушувања кај нив, најчесто тие се економски зависни и се жртви на семејно насилство и запаѓаат во кругот на сиромаштијата. На 28 декември лани е издаден указот за промена на Кривичниот законик со што член 197 претрпе измени, односно се подигна возрасната граница од 16 на 18 години за казнување на лицата кои ќе склучат брак со малолетни лица или, родителите кои ќе дозволат таква вонбрачна заедница ќе бидат санкционирани. Нашата препорака, цело време беше да се подигне возрасната граница од 16 на 18 години за санкција, со тоа да и се даде знак на околината дека не е дозволено живеењето вонбрачен живот со малолетни лица. Ние на теренот најмногу идентификувавме детски бракови кои всушност се вонбрачен живот и предложената измена е да се санкционираат таквите вонбрачни заедници. Целата иницијатива ја водевме со канцеларијата на УНИЦЕФ од Скопје, со Националниот демократски институт  –вели таа.

Со нејзината битка настана промени во  Законот за семејство и Законот за основно и средно образование како и во Кривичниот закони во кои се вели:

Триесет и седумгодишната Несиме со диплома на менаџерка која приватниот живот го оставила „на чекање“ вели дека не се чувствува како хероина, туку како  жена-борец за подобро утре на сите.

Мото: „Женската солидарност е сила, а посебно ако цврсто се верува во поставената мисија!

Според законот за авторски права ,не е дозволено преземање на оваа содржина, ниту реченица ниту пасоси од неа, без дозвола од редакцијата . Во спротивно би решавал Основниот суд Прилеп

Farma Dolneni
Vivafarm