CSS Template

Невремето во Канатларци и Тополчани направило штета од 80 милиони денари

332
Avtokontrol1

Невремето што во два наврати летово предизвика големи штети во дел на прилепска општина и при тоа однесе приход на земјоделците во вкупна висина од 80 милиони денари. На 24 јуни силно невреме на површина од 642 хектари ги зафати селото Канатларци, Ерековци и околните населени места, при што силен град, пороен дожд и ветер, ги срамни со земјата земјоделските култури на отворено, тутун, бостан, житни култури. Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди ја процени штетата на 74 милиони денари.
Додека за невремето исто така од град од 4 јули во атарот на селото Тополчани проценетата штета изнесува 6 милиони денари, а била зафатена површина од 74 хектари. Извештајите беа усвоени на 30 тата седница на општинскиот Совет.

– Збирниот извештај Советот ќе го испрати до второстепената владина комисија која на следната седница треба да го усвои извештајот и да изврши обештетување на жителите, изјави Миле Талевски, претседател на Советот на Општина Прилеп.

Vivafarm
Farma Dolneni