ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Незаборавна прослава на Денот на жената 8 ми март во Мелбурн

3.929

Меѓународниот ден на жената 8 ми март, по традиција, се одбележува во македонската заедница во Австралија. Централната свеченост во организација на МАСО и годинава се одржа во преполната сала на Шелдон Ресепшион во Мелбурн, на која учество зедоа над 550 жени.
Специјални гости на свеченоста беа Мелиса Хорн, пратеник од Вилиамстон и министер за транспорт и Натали Сулејман пратеник од Сент Албанс.

Борбата за родова еднаквост, храброста да е истрае во напорите за рамноправност беа темите на кои двете се осврнаа во нивните говори, обраќајќи им се на присутните.

Заедништвото е најважно во истрајноста и битката на секое поле, потенцираше Лидија Нешковски во поздравниот говор.
-Борбата на секое поле е лесна, само ако, се бориме сите заедно, рече Нешковски.
Традиционално и годинава беа доделени признанија на жените кои биле истакнати во нивните залагања и нивната помош во македонската заедница. Признанија добија: Натали Сулејман за нејзината работа на полето на промоција на рамноправноста, помош и заштита на жените, Мира Бришковска за нејзината неуморна работа и бројните волонтерски активности, додека Новка Блајер доби признание за нејзиното залагање на полето на зачувување на македонскиот јазик во Австралија.

Многу забава со оркестарот Експрес и Татјана Лазаревска и весела дружба по повод Меѓународниот ден на жената 8 ми март.

Сепак, централно место на свеченоста имаше настапот на Сем Гораја, светски познат танчер од индиско потекло, кој што подготви специјален танц за македонската жена низ историјата и ги воодушеви сите присутни. Водител на програмата беше Калина Димовска.
Во Австралија единствено жените од европско потекло го празнуваат 8 ми март, така што Македонките предначат во зачувувањето и на оваа традиција. Свеченоста во Шелдон со сигурност беше најголема во Викторија, ако не и во цела Австралија на која што, жената и нејзината борба за родова рамноправност имаше и годинава централно место.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: