ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Нов предизвик за тркачите Мирческа и Стојкоски -ќе трчаат на Мон Блан.

610

Прилепските тркачи, Мери Мирческа и Александар Стојкоски, ќе ги претставуваат Прилеп и Македонија на најпрестижната светска трка во планинско трчање во Шамони, Франција, во подножјето на „покривот“ на Европа, Мон Блан.

Трката што ќе се одржи на 30. Август, идната година (2019 г.) е во должина од 171 километри и во организацијана Меѓународната Асоцијација за Трчање во Планина (ITRA).

 

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, имаше огромно задоволство што се сретна со овие двајцата спортисти  и им изрази поддршка за подготовките и учествотото на трката.

Во изминатите три години, Мирческа и Стојкоски учествуваа на повеќе трки во земјава и странство, со што се стекнаа со доволен број на поени за учество на трката UTMB(Ultra Trail du Mont Blanc)во Шамони, Франција.

Мери Мирческа и Александар Стојкоски, се добитници и  на Третоноемвриска награда за спортски достигнувања ,последователно, во 2016 и 2017 година. Двајцата се рангирани како најдобри планински тркачи во Македонија, соодветно во женска и машка категорија со највисоко ниво на поени.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: