CSS Template

Нови можности за угостителите во Крушево по посетата на тур оператори и новинари од Хрватска

edh
181
Avtokontrol1

Крушево, викендов, беше домаќин на тур оператори и новинари од Хрватска кои се запознаа со богатата историја и култура на градот и можностите за соработка со туристичко – угостителскиот сектор.
Работната посета на гостите започна со ручек, дегустација на локум, прошетка во центарот на градот и запознавање со историјата, посета на спомен куќата „Тодор Проески“, гробното место на Тоше и посета на „Македониум“.
„Крушево и Хрватска имаат нешто што многу не поврзува, а тоа е Тоше Проески. Имаме потпишано меморандум за соработка со градот Нова Градишка, а преку оваа посета има можност да се продлабочи соработка, со привлекување на повеќе посетители.“, истакна градоначалникот Христоски.
Посетата ја организираше Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со поддршка на општина Крушево.

Izofas
Vivafarm
Farma Dolneni