ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Нови позитивни со Ковид 19 во Прилеп и Крушево

1.896

Во општина Прилеп денеска се регистрирани 4 нови лица заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на инфицирани со КОВИД-19 изнесува 38.

Од Центарот за јавно здравје – Прилеп потврдија дека еден нов случај, трет по ред, е регистриран и во општина Крушево.

Во Инфективното одделение на прилепската Општа болница „Борка Талески“ се наоѓаат 4 лица, сите со средна клиничка слика. Вчера во попладневните часови, во Инфективната болница во Скопје е транспортиран еден повозрасен пациент, кај кого била констатирана потешка клиничка слика.

Исто така, во прилепската болница во изолација се наоѓаат тројца пациенти. За двајца од нив се чекаат резултати од земениот брис, а третиот пациент е во фаза на обработка.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: