ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ново амбулантно возило за болницата, донација од турската владина агенција „ТИКА“

688

ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“- Прилеп доби ново, модерно санитетско возило марка „Мерцедес“ со комплетна опрема за транспорт на тешко болни пациенти , во кое можат да се вршат и операции.

Донацијата е од Владата на Република Турција, преку владината турска агенција за соработка и координација „ТИКА“.
Заблагодарувајќи се на донацијата, в.д. директорот на прилепската болница „Борка Талески“, Драги Богојески рече дека санитетското возило значително ќе помогне во решавање на проблемот со транспортот на потешко болните пациенти.

– Располагаме со стар возен парк, со санитетски возила со кои не можеме да обезбедиме квалитетен транспорт. Во просек, имаме околу 30 до 40 транспорти месечно, а во моментов располагаме со три санитетски возила од кои две датираат од 2005 година, амортизирани и недоволно опремени, истакна Богоески потенцирајчи дека болницата има неопходна потреба од уште едно ново санитетско возило.

Донацијата наводно била договорена пред неколку месеци, а главниот иницијатор е градоначалниот на Прилеп, Илија Јованоски.
-Ова е само еден почеток за помошта во здравството која ни ја нуди Република Турција, а следниот чекор кој го договоривме ќе биде реконструкција на службата за трансфузиологија, која е планирана за идната година, изјави градоначалникот Јованоски.
Амбасадорката на Турција, Тулин Еркал Кара истакна дека чувствува големо задоволство што од своето постоење до денес, турската владина агенција „ТИКА“ во нашата држава реализирала преку 1.000 проекти.
– Се надевам дека активностите и проектите ќе продолжат и во идниот период со соработка на државните институции, бидејќи ние како Република Турција преку ‘ТИКА’ реализираме многубројни проекти од сите можни области, рече амбасадорката.
Министерот за здравство Венко Филипче ги истакна неколкуте проекти поврзани со прилепската болница „Борка Талески“.

– Во овој изминат рок од две години, примени се рекорден број на здравствени работници, над 30 на неопределено работно време и уште триесетина со договор за дело. Сите тие влегуваат во нашиот план и програма за трансформација на работниот однос, што значи дека сите ќе бидат вработени на неопределено време. Ова е една од 50-те институции од јавно-здравствените установи кои што ќе бидат целосно реновирани во делот на ходниците, санитариите и болничките соби согласно највисоките европски стандарди. Во Здравствениот дом во Прилеп во тек е финализирање на акцијата за примање на сите невработени доктори и медицински сестри, со цел да се зајакнат патронажните сервиси, рече министерот Филипче.

 

Во изминативе две години, во оваа болница вкупно се реализирани 37 вработувања на неопределено работно време, а со договор на дело се ангажирани 37 лица. Во тек се огласи за вработување на неопределено работно време на уште 33 лица, а на определено работно време 37 лица.
Прилепската општа болница која хоспитализира пациенти од шест соседни општини наместо 90 едвај има шеесетина доктори специјалисти.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: