ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Од денеска стартува откупната тутунска кампања

934

Започна откупот на тутунот, една компанија ги отвори пунктовите за прибирање на реколтата. На девет пунктови Сокотаб започна со откуп во Пелагонија, меѓу кои во Прилеп и во Кривогаштани. Неофицијално, од компанијата најавуваат дека среда, 20 и ноември ќе бидат отворени сите регистрирани пунктови за преземање на реколтата вклучително 25 во Пелагонија.
Единствениот откупувач со доминантна државна сопственост Тутунски Комбинат АД Прилеп, е целосно подготвен за старт на откупот, а вратите на централниот пукт во Прилеп ќе ги отвори во среда, кога се треба да започнат со работа и неколку откупни места во Пелагонија. Комбинатот планира како и лани, да откупи 3 илјади тони тутун во најголем дел од кооперантите во најтутунскиот регион Прилеп, Долнени и Кривогаштани.
Останатите регистрирани откупувачи, според законските одредби, со обезбедени финансиски гаранции за преземање на планираните количини ориентален тутун, треба да започнат најдоцна до 15 ти декември.

Годинава, сушата ги намали количините на ориенталниот тутун во земјава, но се очекува производство со врвен квалитет, што пак треба да резултира со повисока просечна откупна цена. Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство,од ланската реколта беа откупени 25,2 милиони киограми тутун по просечна откупна цена од 214,24 денари за килограм. За откуп на годинешното прозводство цените во договорите според класи се зголемени од 5 до 15 до отсто.
Новините во законската регулатива налагаат откупот на тутунот од годинешната реколта да заврши најдоцна до 28 февруари 2020 година.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: