ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Дали од денеска ќе има нови регистарски тaблички со „NMK“?!

495

Од денеска треба да започне издавањето на новите регистарски таблички за возилата со ознаката „NMK“. Замената на старите регистарски таблички со новите ќе се врши постепено при регистрација на возилата.

Од Станиците за технички преглед во Прилеп ,велат дека сеуште немаат добиено известување од МВР за новите таблички со ознаката „NMK“ иако граѓаните кои треба да го регистрираат своето возило, после објавената вест, се интересирале и прашувале дали ќе добијат таблички со новата ознака.

Инаку, покрај автомобилите, таблички со NMK ќе имаат и автобусите, камионите, мотоциклите, тракторите…, иако некои од овие возила никогаш не излегуваат од земјата.  Според правилникот за форма и изглед на сообраќајните регистрации, сите возила ќе мора да  имаат регистарски таблички со ознаката NMK најдоцна до февруари 2024 година.

Обврската за замена на табличките на кои е досегашната ознака МК со новата NMK произлегува од Договорот од Преспа со кој се реши спорот за името со Грција.

Од стапувањето во сила на Преспанскиот договор, досега се даваа бесплатни налепници со ознаката NMK на граничните премини при влез или излез на возилата од Република Северна Македонија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: