ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Од јуни, нова цена за ТВ услугата на „Кабелнет“-Прилеп

1.399

Радио Пела праша „Зошто ќе се покачи цената на услугата на кабелските оператори ?!

 

Со цел транспарентно и одговорно према крисниците, кабелскиот оператор од Прилеп КДС „Кабелнет“ ја посочи својата економска потреба од покачување на цената само за ТВ услугата. Покачувањето е од идниот месец ( јуни/јунска сметка) и  ќе изнесува 130 денери повеќе од досегашната цена .

 

Радио Пела:На што се должи новата цена за ТВ услугата? 

 

„Коректно е према нашите корисници да одговриме на ова прашање. Ние имаме повеќе услуги кои ги нудиме : телефонија, телевизија и интернет. Но, кога ќе се случи другите сервеси да ја покриваат загубата на еднот сервис, односно телевизијата, тогаш се создава проблем во непреченото работење на компанијата.

Покачувањето на цената на ТВ услугата за 130 денари е поради порастот на цените  на авторските права на голем дел од странските ТВ канали кои ги реемитуваме. Досега од нашето речиси дведецениско работење како КДС„Кабелнет “, немаме направено промена на цената на ТВ услугата. Ние овие 18 години се обидувавме така речено „вештачки“ да ја одржуваме цената на тв услугата, од 2000 до 2018,  но веќе тоа е невозможно и економски  неоправдано и неисплатливо. Се коси со нашето работење, па беше крајно неопходно да донесеме одлука за покачување на цената, за мнимални 130 ден , што е генерален став на сите кабелски оператори во Македонија, одлука донесена на ниво на  Здружението на кабелските оператори“ –  објасни Дејан Пеливаноски, еден од менаџерите на „Кабелнет“

 

        Радио Пела: Колку чинат тие ТВ пакети?!

„Еве само еден пример: спортските пакет канали, само пред некоја година чинеа од 2000 до 2500 евра месечно, цената пораснаа  до 3000 евра, за сега, авторските права за овие канали да изнесуваат 12/13 илјади евра месечно за нивно  реемитување ,пренесување преку кабелските оператори. И, како потпишуваме договори со странските телевизии, дисковери пакетот, со музичките канали, спортските пакет канали,филмските канали итн, така, речиси со секој нов четиригодишен договор се покачуваше цената на тв пакетите. Пакетите секогаш беа со нова цена.  Никогаш цената не била намалена или константна. Секој договор е со нова, повисока цена. Морам да појаснам дека ние како кабелски оператори плајќаме авторски права по корисник, месечно“- вели  Пеливаноски

 

Радио Пела: Но, корисниците имаат со вас склучени обврзувачки договор,за две,една година итн, во кој е наведена сумата која треба да ја плаќаат за услугите за одреден период ? Што доколку сакаат да го  раскнат  договрот сега , поради новата цена?

 

„Корисниците имаат можност да бираат: да ја прифатат цената или да ги раскинат обрзувачките договори, без никави пенали, од наша страна. Изборот сепак е на корисникот. Но, мора секој еден да знае дека оваа одлука е донесена на ниво на Здружението на кабелските оператори на Р.Македонија, а НЕ како наша поединечна одлука. Ние како КДС “Кабелнет“ одговорно работиме во интерес на нашите корисници и правиме секогаш напори, корисниците да не се оштетени, да имаат квалитетен сигнал и добар избор на ТВ Канали“ – посочи  Пеливаноски

 

Радио Пела: Што им нудите на корисниците кога станува збор за ТВ услугата?

 

„Постоиме од 1999 година и телевизијата ни беше почетната и основна дејност. Идната година славиме јубилеј, 20 години од постоењето на КДС“Кабелнет“ и ,токму поради таа наша основна дејност, од која почнавме ,телевизиската услуга, се обидуваме да ја зачуваме со целиот нејзин квалитет, пред се оригинални и квалитетни тв канали. Имаме повеќе од 120 програми кои ги нуди дигиталната телевизија. Во основниот пакет се 60 до 80 програми и аналогната телевизија има околу 55 програми ,што воопшто не е мала бројка на тв програми. Нашата мрежа ја опфаќа општината Прилеп со населните места, Општината Кривогаштани, Крушево, Демирхисар. Тоа е голема бројка на корисници, пријатели на КДС „Кабелнет“ кои ни ја дале довербата да ги користат нашите услуги, а ние тоа мора да го почитуваме и се грижиме секој корисник, да биде квалитетно услужен, што е и наша основна заложба и цел“-  нагласи Дејан Пеливаноски, еден од менаџерите на КДС„Кабелнет“  во разговор за тоа зошто се покачува цената на услугата

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: