CSS Template

Од запалено ѓубре до пожар каде изгореа 5 хектари жито, во с. Белацрква

221
Avtokontrol1

На нашиот напис „Гореше сува трева кај с.Бела Црква“ жител од с. Белацрква , ни ги испрати ови фотографии и ни соопшти дека во с.Белацрква , во понеделникот ( 8.07 2019 г.) горело ѓубриште,а огнот се проширил на нива со жито. Огнените јазици изгорле 5 декари од нивата  посеана со жито. Кој го предизвикал пожарот, останува непознаница, но факт е дека човечки фактор е причината за пожарот, кој  започнал од запаленото ѓубре.

Информација, која ние  ја добивме беше  од надлежните од ТППЕ Кривогаштани  и  беше првична информација,  дека горела сува трева во  близина на с.Бела Црква, кај црквата и дека е ставена во опасност црквата .  Овие фотографии говорат за вистинската слика од пожарот во с. Белацрква

Му благодармие,на нашиот читател за корекцијата и  фотографиите ,и , во иднина очекуваме ваква  соработка со локалното население, за точна и навремена информација.

 

Инаку, веднаш по дојавата за пожар,околу 12,оо ч, реагираше ТППЕ од Општиа Кривогаштани, која се упати кон селото со едно противпожарно возило за да го изгасни пожарот.

Засега, не е познато од што е предизвикан пожарот, но станува збор за човечки фактор.  Од ТППЕ Кривогаштани апелриаат до жителите на населените места да не палат стрништа,  сува трева, ѓубриште на отворено и да не го користат огнот за чистење на земјоделските површини,  затоа што штетите од огнот можат да бидат од големи размери. „Човечкиот фактор е најчеста причина за пожар„ – велат оттаму

Vivafarm
Farma Dolneni