CSS Template

Одлични резултати на крушевските спортисти

50
Avtokontrol1

Втора лига за ФК „Питу Гули“ и место во репрезентација за двајца пинг понгари, тоа се вестите кои доаѓаат од Крушево.
Фудбалската екипа ФК „Питу Гули“ во неделата издвојува победа од 3:0 во натпреварот со ФК „Бабуна“ од Велес и со тоа освои најмногу бодови во лигата и обезбеди учество во Втората фудбалска лига.
Истиот ден, Теодор Волкановски од ППК „Крушево“ на разигрување на најдобрите 8 во Штип го освои второто место и во генералниот пласман се пласираше на 3-тото место со што обезбеди настап во репрезентацијата на Балканското првенство кое во јуни ќе се одржи во Скопје.

Претходно, во пионерска конкуренција Васе Богоевска исто така обезбеди настап во репрезентацијата како втора најдобра пинг понгарка во државата.

Vivafarm
Farma Dolneni
Ciflik