ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Одлуката е тешка, но се работи за иднината, порача амбасадорот Бејли од Прилеп

684

Во посета на Општина Прилеп денеска е американскиот амбасадор Џес Бејли кој оствари средба со градоначалникот Илија Јованоски.

По срдечниот прием од домаќинот Јованоски, Амбасадорот Бејли на средбата со новинарите упати порака до граѓаните, а особено до младите во врска со претстојниот референдум:
– Ова е тешка одлука бидејќи станува збор за тежок компромис, со оглед на тоа што се договораше. Но ова е едно најбитните работи – да се излезе, посебно младите да го прочитат договорот и да гласаат. После референдумот кога ќе станете членка на ЕУ ќе видите дека и вашите соседи ќе имаат слобода да дојдат во Македонија, да вложат во нови инвестиции и да се развие бизнисот во Македонија.

Амбасадорот Бејли во рамките на посетата на Прилеп денеска се сретна со младите, ја посети Стара фурна, а исто така оствари средби и со стопанствениците во седиштетото на Регионалната стопанска комора.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: