CSS Template

ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп: набавката на автобусите доправа ќе се чешла!

95
Avtokontrol1

Посетата на премиерот Зоран Заев на Прилеп и Пелагонискиот регион, промоцијата на новите градски автобуси, беше повод за прес конференција на претседател ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески.
Прес конференцијата во целост ја пренесуваме:

„Зоран Заев е толку загазен во криминал, расипништво и неработење што не знае дека денеска не бил во Полошкиот туку во Пелагонискиот регион.
Денеска во Прилеп дојде шефот на рекетарската банда, Зоран Заев, кој заедно со неговите извршители на локално ниво промовираа 4 автобуси, секој вреден по неверојатни 250.000 евра народни пари, набавка чија позадина и начин на спроведување допрва ќе се чешла.
Денеска во Прилеп е човекот кој е најодговорен за уништувањето на градот, човекот кој токму од тука се посмеваше со целата јавност дека немало да го промени државното име и човекот кој од Прилеп ја најави двојазичноста во целата држава.
Кога веќе е тука Зоран Заев, покрај промоцијата на автобусите на метан што со гориво ќе се снабдуваат дури од Битола, како голем љубител на правење селфи, го повикуваме да се фотографира со новата двојазична табла наместена на Фондот за здравство, како и со таблата на споменикот на Александар Македонски, каде благодарение на предавствата од владата што тој ја предводи стои натпис дека Александар е Грк.
Господине Заев, денеска ги промовиравте најскапо платените автобуси што некогаш се набавени било каде во светот, од кои еден се расипа уште при првиот изминат километар.
Денеска сте во Прилеп, градот каде вашиот градоначалник неработник вети изградба на ново училиште, две нови градинки, спортски сали, затворени базени, спортско рекреативни центри, нов театар, и мал милион други чуда со кои им ги мачкаше очите на прилепчани во пресрет на изборите.
Денеска господине Заев сте во градот каде се фрлаат бомби во кафулиња, градот каде се случуваат спектакуларни грабежи среде бел ден, каде се тепаат деца по улица и каде сеуште царува злосторничкото здружение, за кое патем лично ве извести ваш истакнат член пред неколку месеци. Денеска господине Заев чекорите во најнебезбедниот град во државата, каде на родителите им е страв да ги пуштат децата сами да се движат наоколу.
Кога веќе сте тука, прашајте го градоначалникот Јованоски како реагираат земјоделците на пресушеното вештачко езеро, како реагираат прилепските семејства на покачувањето за 60% на сметките за вода. Прашајте го како вработувал внуки и роднини во сите институции и до каде е иницијативата за кривична одговорност покрената од Државната комисија за спречување на корупција.
Прашајте го и како е возможно да троши 30 милиони денари за изградба на мовче, а Советот му одобрил само 8.
Вие и вашите пулени го вративте Прилеп 20 години назад, па затоа и го добивте првиот жолт картон на Претседателските избори
Народот памети, народот препознава, политиките на вашата влада и на вашите локални моќници за многу кратко време ќе го доживеат својот амбис, во кој за жал цели 3 години не туркате сите.
Време е да си заминете и да почне обновата на Македонија.“

Farma Dolneni
Vivafarm