ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ООУ „Страшо Пинџур“ Мало Коњари ги подобри условите за работа

770

И оваа учебна година, во континуитет се инвестира за поквалитетни услови за работа на учениците и наставниците во ООУ „Страшо Пинџур“ од с.Мало Коњари, централно училиште во кое настава посетуваат 148 ученици.

Реконструкција на подовите, уредување на дворот, санација на електричната инсталација, се само дел од активностите кои беа преземени во централното училиште во Мало Коњари, како и подрачните во Големо Коњари и Кадино село.

– Во подрачното училиште во с.Големо Коњари целосно беше реконструиран подот и поставен ламинат, а во двете училишта во населените места Мало и Големо Коњари, поставени се и нови ролетни.

Во централното училиште уреден е дворот, поставена е нова ограда, целосно е санирана електричната инсталација, набавена е нова смарт табла и повеќе други наставно-научни помагала за унапредување на наставата и наставниот процес, информираше директорката Ирена Кироска.


Воедно, локалната самоуправа обезбеди финансиски средства за две постапки: прибирање на документација за изградба на повеќенаменско асфалтно игралиште во Големо Коњари и за обнова на фасадата во централното училиште во Мало Коњари. Овие проекти ќе се реализираат во текот на учебната година и со тоа дополнително ќе се подобрат условите за работа и на учениците заедно со наставниот кадар.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: